Наташа Дурлинг од Канада, на Фејсбук сподели фотографии од ужасот низ кој поминале таа и нејзиниот син, поради незаинтересираноста и негрижата на лекарите.
Во четврток се појавиле првите симптоми, а до сабота наутро, момчето било многу слабо, имало црвени очи, висока температура и болки во мускулите.
Наташа претходно многу се загрижила, особено поради фактот што Оливер до тој момент никогаш не бил болен. Тогаш се обратила на лекар за да се информира за што се работи. Тој и предложил да го донесе детето во болница, доколку за пет дена температурата не спадне.
Во понеделникот, состојбата на детето се влишила, тој престанал да јаде и немал сила да стане од креветот.
Лекарот констатирал вирусна инфекција!
– И покрај високата температура, осипот, дехидратацијата и целокупната влошена состојба, ми рекоја да си одиме дома, со неколку лекови, со констатација дека ако состојбата се влоши, да се вратиме назад – вели Наташа.
Следното утро, Оливер не можел да стане од кревет. Мислеше дека УМИРА! Температурата му беше висока, а усните отечени, почнале да му пукаат и крвават.
Следува најстрашното:
Мајката, повторно го однела во болница, каде се посомневале во мали сипаници и повторно ги испратиле дома.
– Во тој момент збеснав, инсистирав да му земат крв, да му дадат инфузија и детето да го прегледа искусен педијатар, вели Наташа. Кога се појавил педијатарот се ужаснал, веднаш наредил да му земат урина и да му дадат инфузија.
– Додека уринираше, Оливер во паника почна да вика дека ослепел! Потоа само падна, притрча сестрата, и го однесе во ординацијата, додава Наташа. Заклучиле дака Оливер боледува од “Кавасаки” синдром, кој се манифестира со воспаление на крвните садови и се случува најчесто кај деца помлади од 5 години.
Симптомите се температура, осип, отечени лимфни јазли, уста, јазик, стапала и раце, како и црвенило во очите. Оваа состојба најчесто не остава последици, но ако не се реагира навреме, може да се оштети срцето.
Сега веќе ја имаа вистинската дијагноза, почнаа да го лекуваат и веќе следното утро, осипот се повлече, а Оливер се чувствуваше многу подобро.
Сакале веднаш да ги пуштат дома, но Наташа побарала дополнителни прегледи, при кои се утврдило дека Оливер навистина боледува и од мали сипаници.
Сега е добар, се опоравува, а Наташа целата приказна ја сподели на Фејсбук. Таа потенцира дека Оливер е можеби меѓу ретките случаи кај кој во исто време се дијагностицирани две слични заболувања.