Во универзитетскиот клинички центар во Виена „АХК Виена“ прв пат во Австрија отстранети се два бубрега со помош на медицинскиот робот „Да Винчи“.
Бубрезите се отстранети од живи донатори на органи и успешно се пресадени на пациентите примачи, а органите во двата случаи веднаш ја презеле функцијата. Во светот досега се изведени повеќе од 700 операции од ваков вид. Поголемиот дел од зафатите се спроведени во Америка.
Медицинскиот тим ја извел операцијата без компликации, а роботите во иднина ќе се користат во други ситуации.
-Кај ваквите зафати ништо непредвидено не смее да се случи. Кога се работи за комплексни операции со крвни садови, роботите претставуваат предност зашто пружаат поголема сигурност на давачите на органите, изјави главниот доктор кој ја предводеше операцијата.