Home / алтернативна медицина / Медитацијата ги менува келиите на лицата кои преживеале рак?!

Медитацијата ги менува келиите на лицата кои преживеале рак?!

Научниците за прв пат откриле јасни биолошки докази дека медитацијата и групите за поддршка можат да влијаат на нашето келиско ниво, пренесува „Sciencealert“.

Студијата на истражувачи од Канада, објавена во магазинот „Канцер“, е првата која ги открила доказите кои сугерираат дека групата за поддршка кои ги охрабруваат луѓето на јога и медитација, всушност ја менуваат келиската активност на лицата кои преживеале рак.meditacija

Тие откриле дека теломерите – протеинските „приклучоци“ на врвот на хромозомите кои одредуваат колку брзо келијата ќе старее – останале на иста должина кај лицата кои преживеале рак и кои практикувале јога и медитација во текот на тримесечен период.

Од друга страна, теломерите на лицата кои не биле дел од овие групи во текот на тој период се намалиле.

Научниците и понатаму не знаат дали теломерите се вклучени во регулацијата на болеста, но постојат претходни докази кои укажуваат на тоа дека скратените теломери можат да бидат поврзани со шансите за преживување на неколку болести како што се рак на дојка, додека долгите теломери помагаат на нашата заштита од болеста.

ayurveda-as-cancer-treatment-14-728Веќе знаеме дека психосоцијалните интервенции како медитација можат да ни помогнат да се почуствуваме подобро, но сега прв пат имаме докази дека тие можат да влијаат и на клучните аспекти на човечката биологија“, изјавила Линда Карлсон од Том Бејкер Центарот за рак.

Во истражувањето учествувале 88 лица кои преживеале рак и кои завршиле со медицински третмани три месеци пред почетокот на студијата.

Учесниците на студијата се поделени во три групи, а лицата во групите кои биле дел од групата за поддршка ја задржале должина на теломерите во текот на тромесечниот период, додека теломерите на третата група чии членови присуствувале на само еден семинар за регулација на стресот.

Иако е во прашање прилично возбудливо истражување, и понатаму не е познато дали овие бенефити се од долгорчен карактет како ни што го создава овој биолошки ефект.

Истражувачите планираат и понатамошни истражувања како би утврдиле дали овие резултати можат да се пресликаат на поголем број учесници, и какво е нивното долгорочно влијание врз нашето здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top