Free songs
Home / нови лекови / Маслото од канабис од понеделник во продажба

Маслото од канабис од понеделник во продажба

Во аптеките од понеделник во продажба, ќе се најде и медицинското маслото од канабис во концентрации со тераписко дејство. Станува збор за препаратот „каноил канц“, маслени екстракти, кои во својот состав содржат строго контролирана концентрација на активните компоненти ТХЦ (тетрахидроканабинол) и ЦБД (канабидиол ) и се наменети за пациенти со малигни заболувања.

konop marihuana masloЕдниот препарат содржи 300 милиграми ТХЦ+ 300 мг ЦБД во пакување од 120 милилитри, додека другиот има 600 мг ТХЦ+ 600 мг ЦБД во пакување од 240 милилитри.

Двата препарати се производство на фармацевтската куќа „Реплек фарм“, прва фирма која на македонскиот пазар го донесе ова лековито масло.

Лековите ќе можат да се набават во аптека исклучиво на рецепт од лекар специјалист.

Препаратите ќе се продаваат по цена од 5.544 денари за „каноил канц 300“ и 9.240 денари за „каноил канц 600“

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top