Се добива од оревот на плодот од дрвото Арган кое вирее само во Мароко и како ендемски вид е многу редок.
Постојат тврдења за корисните ефекти врз здравјето: истражувачите откриле дека секојдневното консумирање на ова масло е важен фактор :
-за спречување на разни видови на рак
-за кардиоваскуларни заболувања
-лекување на дебелината
-намалување на штетниот холестерол
-намалување на триглицеридите во крвта.
Традиционално се користи во третмани за кожни болести и како козметичко средство за разубавување на кожата и косата:
-врши хидратација на кожата
-ги лекува младешките акни
-ги избелува темните дамки на лицето
-ја негува косата
Маслото од арган за козметички цели
- Маслото од арган има силно дејство против стареење. Благодарение на масните киселини што ги содржи (најмногу линоленова), ја навлажнува кожата и е моќен антиоксидант. Ги забавува процесите на стареење на кожата, ја рехабилитира по сушење и ја штити од надворешни влијанија.
- Сапонините содржани во маслото ја одржуваат кожата мазна и мека, а стеролините спречуваат воспаленија и егземи.
- Помага да се добие бронзен тен и затоа е честа состојка во средствата за заштита од сонце и производите за нега на кожата по изложување на сончеви зраци.
- Ги смирува акните и чувствителната кожа.
- Ја зајакнува косата на тој начин што ја одржува влажноста и еластичноста, го потхранува скалпот и го спречува кинењето и пукањето на влакното. Освен тоа, ѝ дава сјај и волумен.
- Ги јакне ноктите и спречува кршење.
Како да се користи за разубавување?
Најбрз начин е да се користат некои од козметичките средства што го содржат „мароканското злато“. Чистото масло од арган може да се користи за кожата и косата на следниот начин:
- Против брчки. Пред легнување измијте го лицето. На раката ставете масло од арган, растријте го со двете раце и нанесете го на кожата на лицето, вратот и деколтето со лесно масирање. Размачкајте го потоа насекаде на рацете и добро истријте ги ноктите.
- За здрава и блескава коса. На чиста коса нанесете го маслото со раце. За подлабоко потхранување намачкајте го скалпот и косата по должината со маслото, завиткајте ја главата со најлон или специјална капа и оставете да отстои 15-20 минути, по што ќе ја измиете.
Маслото и производи што го содржат можат да се најдат и на нашиот пазар.
popara.mk