Маската се состои од само 1 состојка помешана со малку вода – квасец.
Витаминот Б од квасецот може да направи чуда за здравјето на косата, затоа испробајте ја маската пред следното миење.
Потребни ви се 2 лажици квасец и 6 лажици топла вода или млеко, ако сакате. Промешајте ги додека не добиете еднолична смеса и оставете ја да отстои половина час.
Маската нанесете ја на темето и масирајте го коренот. Држете ја половина час, а потоа измијте ја со топла вода и благ шампон.
Ќе забележите дека квасецот ќе се стврдне по неколку минути, но не се плашете, лесно се измива.