Овој совет доаѓа директно од француските фризери, кои им препорачуваат домашна маска на своите клиенти. Таа многу успешно се користи против косопад, а исто така и за брз растеж на косата.
Маската е апсолутно за сите типови на коса, и е најефективна кога се прави еднаш во неделата.
Неопходни ви се само по една супена лажица мед, коњак и растително масло (маслиново, рицинусово или бадемово), и една жолчка. Ако косата ви е долга, ставете по 3 супени лажици од состојките.
Измешајте ги медот, коњакот и маслото убаво, и ставете ги на пареа додека медот не се истопи. Потоа отстранете ја смесата од огнот, додадете ја жолчката и добро измешајте. Готовата мсак нанесете ја на мрсна коса и чувајте ја 30 минути до 1 час. На крајот измијте ја обилно со шампон.
Боза.мк