Home / нови лекови / Маркер во мозокот ги разделува позитивните и негативните мисли

Маркер во мозокот ги разделува позитивните и негативните мисли

Способноста на лицето да биде позитивно или негативно се блиско поврзани во мозокот, покажуваат последните истражувања.

Џејсон Мозер, водечки истражувач и асистент професор по психологија, вели дека првпат е пронајден маркер во мозокот кој јасно ги разделува негативните мисли од позитивните, пишува портал Кликс.

mozokВо истражувањето учестувале 71 жени кои два пати повеќе заболуваат од анксиозност, а на секоја и се покажани фотографии и графички прикази.

Од нив, потоа, се бараше сите да гледаат во позитивен контекст додека им се снима активноста на мозокот.

Учесничките се испитувани пред истражувањата за да се утврди која од нив тежнее кон позитивни, а која кон негативни мисли.

Истражувањето, исто така, покажа дека мозокот на учесничките со позитивните мисли бил помалку активен од учесничките кои во текот на експериментот биле загрижени.

– Тоа ни кажува дека навистина им е тешко да ги стават во позитивен контекст тие ситуации, што доведе до зајакнување на негативните емоции, рече Мозер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top