Home / аларм / Македонците ги убива срцето: Од 19.000 починати, 11.000 се од кардиоваскуларни заболувања

Македонците ги убива срцето: Од 19.000 починати, 11.000 се од кардиоваскуларни заболувања

Во Македонија болестите на циркулаторниот систем (со 57,8 отсто во вкупната смртност), се најчеста причина за смрт. Од 19.000 смртни случаи, 11.000 се од кардиоваскуларни заболувања. Секоја година во Македонија се регистрираат повеќе од 3.000 срцевосадовни заболувања на 10.000 жители, а околу 160 се лекуваат во болница

srce-300x206

Ова денеска го истакна Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје на Република Македонија на прес-конференција по повод одбележувањето на 29 Септември – Светскиот ден на срцето, кој годинава се одбележува под мотото „Живеј, работи, игра си, придружи се!“.
Целта е, како што посочи, Институтот и неговите партнери, заеднички да ја подигнат свеста на граѓаните за потребата од здрав стил на живот кој ќе доведе до превенција на болестите, особено срцевосадовни болести, а со тоа ќе се овозможи подолг живот и подобар квалитет на животот.
Според податоците на Светската здравствена организација, околу 17 милиони луѓе во светот умираат од срцеви заболувања, што е околу 30 отсто од вкупната смртност.Директорката на Здравствен дом-Скопје, Тања Баевска Вучковиќе рече дека кардиоваскуларните заболувања се лидери во однос на морбидитетот и морталитетот, а превенцијата има клучно место.
„ФИЛИП ВТОРИ“
Бул.Илинден бр.113
тел: 02/3091-500
baner za web STRUMICA BITOLA

ПЗУ ПОЛИКЛИНИКА
ФИЛИП ВТОРИ СТРУМИЦА

Ул. “Гоце Делчев” бр. 6
Тел: 034/320-302
E-маил: [email protected]
Web: www.filipvtori.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top