Home / природен лек / Магдонос – еве за што е лековит

Магдонос – еве за што е лековит

Магдоносот е позната билка која е редовна на македонската трпеза, но е и растение со одлични својства за вашето здравје. Познат е како едно од растенијата со уникатни антиоксидантни својства и многу други бенефиции.

mag-zdr-bil-02Ова мало темно-зелено растение кое го има во градините, продавниците и чиниите со салата во секое македонско домаќинство, има убав вкус и широка палета на примени во нашата традиционална кујна. Оваа билка иста така на големо се користи и во медитеранската кујна, источна Европа, како и во американската кујна.

Постојат неколку култивирани видови на магдонос кои се одгледуваат низ Европа. Италијанскиот магдонос е популарен во земјите на Медитеранот и има многу посилен вкус од другите видови.

Здравствени благодети на магдоносот

Оваа билка не содржи холестерол, но е богата со антиоксиданси, витамини, минерали и диететски фибри, што помагаат да се контролира холестеролот во крвта, помага во превенцијата од констипација (запек), го штити телото од слободните радикали кои се појавуваат поради лековите за повреди и е добра превенција од рак.

mag-zdr-bil-03Магдоносот содржи и есенцијални волантилни масла кои се многу здрави, а тие имаат и миситицин, лимонен, еугенол и алфа-туен.

Есенцијалното масло еугенол кое се наоѓа во ова растение има употреба како терапевтско средство во стоматологијата како локален анестетик, и антисептично средство за болестите на забите и непцата. Еугенолот исто така го намалува нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите.

Магдоносот е богат и со полифенолични антиоксиданти, ако апиин, апигенин, крисоериол, и лутеолин, кои се едни од најсилните состојки кои можат да се најдат во растение, а имаат антиоксидантни својства.

Растението е богато и со калиум, манган, железо и магнезиум. Во 100 грама свеж магдонос има 554 милиграми, односно 12 посто од потребната доза калиум. Богат е и со витамини А, бета-каротен, витамин К и фолати. Зеа-ксантинот помага при борбата со макуларна дегенерација во мрежичката на окото кај популацијата од постара возраст.

Магдоносот е најверојатно најбогат од сите растенија со витамин К, кој има потенцијално важна улога во здравјето на коските, со тоа што ја забавува остеотрофичната активност во коските. Има важна улога и при лечењето на пациенти болни од Алцхајмер, со тоа што ја лимитира нервната штета во мозокот.

Медицинска употреба

mag-zdr-bil-06Листовите на магдоносот, како и стемите и корењата имаат антисептични и карминативни својства.

Еугенолот исто така го намалува и шеќерот во крвта кај дијабетичарите. Сепак, треба да се обават и понатамошни истражувања за да се потврди ова позитивно својство.

Екстрактираната форма на магдоносот е добар диуретик.

Чајот од магдонос е добар за болки во желудникот, како и за грчеви од менструална болка.

Точка.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top