Ова мало темно-зелено растение кое го има во градините, продавниците и чиниите со салата во секое македонско домаќинство, има убав вкус и широка палета на примени во нашата традиционална кујна. Оваа билка иста така на големо се користи и во медитеранската кујна, источна Европа, како и во американската кујна.
Постојат неколку култивирани видови на магдонос кои се одгледуваат низ Европа. Италијанскиот магдонос е популарен во земјите на Медитеранот и има многу посилен вкус од другите видови.
Здравствени благодети на магдоносот
Оваа билка не содржи холестерол, но е богата со антиоксиданси, витамини, минерали и диететски фибри, што помагаат да се контролира холестеролот во крвта, помага во превенцијата од констипација (запек), го штити телото од слободните радикали кои се појавуваат поради лековите за повреди и е добра превенција од рак.
Магдоносот содржи и есенцијални волантилни масла кои се многу здрави, а тие имаат и миситицин, лимонен, еугенол и алфа-туен.
Есенцијалното масло еугенол кое се наоѓа во ова растение има употреба како терапевтско средство во стоматологијата како локален анестетик, и антисептично средство за болестите на забите и непцата. Еугенолот исто така го намалува нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите.
Магдоносот е богат и со полифенолични антиоксиданти, ако апиин, апигенин, крисоериол, и лутеолин, кои се едни од најсилните состојки кои можат да се најдат во растение, а имаат антиоксидантни својства.
Растението е богато и со калиум, манган, железо и магнезиум. Во 100 грама свеж магдонос има 554 милиграми, односно 12 посто од потребната доза калиум. Богат е и со витамини А, бета-каротен, витамин К и фолати. Зеа-ксантинот помага при борбата со макуларна дегенерација во мрежичката на окото кај популацијата од постара возраст.
Магдоносот е најверојатно најбогат од сите растенија со витамин К, кој има потенцијално важна улога во здравјето на коските, со тоа што ја забавува остеотрофичната активност во коските. Има важна улога и при лечењето на пациенти болни од Алцхајмер, со тоа што ја лимитира нервната штета во мозокот.
Медицинска употреба
Листовите на магдоносот, како и стемите и корењата имаат антисептични и карминативни својства.
Еугенолот исто така го намалува и шеќерот во крвта кај дијабетичарите. Сепак, треба да се обават и понатамошни истражувања за да се потврди ова позитивно својство.
Екстрактираната форма на магдоносот е добар диуретик.
Чајот од магдонос е добар за болки во желудникот, како и за грчеви од менструална болка.
Точка.ком.мк