Истражувањата покажуваат дека зголемената активност на крвотокот во рамките на одредени региони на мозокот може да помогне да се објасни големата поделба поврзана со соновите. Станува збор за тоа зошто некои луѓе се сеќаваат јасно што сонувале, а други не. Генерално, се верува дека сонот бара одредено време на будност ноќе за да биде кодирана визијата за долгорочната меморија, но причината зошто некои луѓе се будат почесто од другите не е разјаснета.
Тим француски истражувачи ја проучуваа мозочната активност и врз основа на забелешките подготвени се таканаречени карти на спиењето, кои според експертите може да дадат информации за ноќната будност.
Поспаниот мозок не е способен за нови информации
При анализата на две групи луѓе картите на спиењето покажале спротивни краеви на спектарот, кои се должат на разликите во одреден дел на мозокот. Истражувачите сугерираат дека тоа се должи на поголемата чувствителност на едната група кон еколошките звуци во ноќта поради кои се будат за миг, што, од своја страна, ги одредува нивните сеќавања за сонот. Во прилог на оваа теорија во претходни медицински случаи се утврдило дека кога тие делови на мозокот се оштетени, на пример, од мозочен удар, пациентите ја губат способноста да ги паметат соништата.
Заспаниот мозок не е способен да складира нови информации, што да се однесува на долгорочната меморија. На пример, ако земете нов речник со зборови, со цел да ги научите во момент кога сте поспани, ќе се разбудите целосно свесни за она што сте ги имале предвид, но нема да се запаметите ниту збор од она што сте прочитале или слушнале. Овој пример ја илустрира состојбата дека кога мозокот спие, не е способен да гледа или да памети. Затоа, совет за студентите или учениците што имаат задача да совладаат целосно непознат материјал тоа да го прават одморени, со буден и фокусиран мозок. Бескорисни се непроспиените ноќи кога сте поспани, а упорно се обидувате да останете будни и да читате или учите.
Повеќе се може без храна отколку без сон
На пример, во првите две години кога во семејството на свет ќе дојде новороденче, родителите губат околу шест месеци или помеѓу 400 и 750 часа од вообичаениот сон.
Во 1984 година првпат беше направено истражување за лишувањето од сонот. Рускиот научник Марија Михајлова утврдила дека при недостиг на спиење малечките кученца умираат во рок од четири до пет дена и покрај најдобрата нега. Според резултатите што таа ги добивала од своите истражувања, многу кученца што биле прегладнети можеле повеќе да преживеат отколку оние што не биле наспани. Гладните издржувале и до седмиот ден..
Жирафите спијат по 11 минути 10 пати на ден. За сметка на тоа, пак, коалите се најголемите спанковци во животинскиот свет. Тие спијат во просек по 22 часа на ден.
Зборот “сон” доаѓа од стариот европски збор “слеб”, кој буквално значи “да бидеш слаб, бавен”.
Препознајте ги симптомите
Нарушен сон е состојба при која е засегнато времетраењето на спиењето, како и квалитетот. Причините за појава на овој вид нарушувања може да варираат од лоши навики што ги правиме додека сме будни, но и одредени медицински состојби што го нарушуваат циклусот на спиење. Недоволното спиење е сериозен проблем, кој може да се одрази негативно влијание врз општото здравје. Недостигот на комплетен одмор може да има влијание врз секој аспект од секојдневниот живот.
Истражувањата поврзани со недостигот од спиење покажуваат дека недоволниот одмор е причина за појавата на сообраќајни несреќи, низок квалитет на работното место, нарушена меморија и лошо расположение. Неодамнешните истражувања го поврзуваат недостигот на сонот со кардиоваскуларните болести, дијабетесот и дебелината.
Симптомите што покажуваат дека имате проблем се тешкото заспивање, дневната поспаност, ‘рчењето, немирниот сон и не треба да ги игнорирате, туку веднаш да побарате лекарска помош за да избегнете развивање посериозен проблем во иднина.
Потребното време за спиење варира во зависност од возраста. Ако доенчињата имаат потреба од 16 часа спиење, тинејџерите од 9, за возрасните се препорачуваат 7-8 часа спиење дневно. Повеќето луѓе имаат проблеми со спиењето одвреме-навреме, но кога проблемот се задржува неколку ноќи по ред, тогаш можеби станува збор за нешто посериозно, како симптоми на несоница, апнеја или друга сериозна состојба.
Необични факти за спиењето
– Кардиоваскуларните болести, дијабетесот и дебелината се поврзани со губењето на сонот.
– Постојат теории според кои се тврди дека луѓето што се редовно будни во периодот помеѓу полноќ и 3 часот побрзо се дебелеат.
– До овој момент во науката има 84 типа на нарушувања во спиењето.
– Со текот на времето и главно поради брзиот развој на технологијата, просечната должина на спиењето кај човекот е скратен од 9 на 7 и пол часа.
– Повеќе од 70 милиони Американци страдаат од нарушување во спиењето, кај 60 отсто тоа е хронично. Секоја година во САД, поради проблемите поврзани со ненаспаност и со заморот како последица од тоа, осигурителните компании трошат во просек 56 милијарди долари, има околу 25 илјади смртни случаи и околу 2,5 милиони заболувања.
– Во старите затвори и логори се користел метод на лишување од сон за да се признаат некои кривични дела од страна на обвинетите.
– Луѓето што страдаат од хронична ненаспаност или прекумерно спиење склони се кон ненадејна смрт.
– По првите пет минути од будењето, 50 отсто од соништата неповратно се забораваат, а во десеттата минута се заборавени веќе над 90 отсто од нив. Има многу луѓе што се жалат на тоа дека не сонуваат, но тоа всушност и не е така. Сите имаат соништа додека спијат, а причината за заборавот им е несоодветното будење.
– Жените страдаат од несоница речиси два пати повеќе од мажите.
– Човек се “движи” повеќе додека спие ако не се движел доволно во текот на денот.
– Луѓето поминуваат околу една третина од својот живот во спиење. Тоа е еднакво на 25 години.