Генетскиот материјал кој го носиме со себе не разликува од другите луѓе кога станува збор за бојата на косата или на очите. Но, меѓу нас постојат луѓе кои благодарение на одредените мутации на ДНК имаа способности кои другите луѓе ги немаат .
Отпорност на висок холестерол
Денес голем дел од луѓето имаат проблем со високиот холестерол. Холестеролот може да предизвика сериозни срцеви заболувања кои на крајот може да предизвикаат смрт, па препораката на лекарите е да се намали внесувањето на брза храна и на мастите. Но постојат луѓе кои може да јадат се што сакаат и тоа без страв. Нивото на лошиот холестерол останува минимален без оглед на тоа дали јадат крофни, јајца, пица, пржена сланина и хамбургери секој ден благодарение на ретката генетска мутација.Нив им недостига копијата на генот PCSK9. Иако недостатокот на некој одреден ген обично значи проблем за нив тоа е корисно. Оваа мутиација е откриена пред десет години. Најчесто се работи за Афроамериканнците кои благодарение на оваа мутација имаат 90 отсто помал ризик од срцеви болести. По ова откритите, лекарите се обидуваат да направат лек кој ќе го блокираат постоечкиот ген кај останатата популација, со цел подобро да се контролираат маснотиите во крвта.
Отпорност на ХИВ
ХИВ -от е една од најтешките болести на денешницата, а докторите се уште не го пронашле лекот за неа. Оваа неизлечлива болест за многумина е најголем страв, но за некои луже ниту оваа незилечлива болест не претставува закана. Причината е генетската мутација која го блокира протеинот CCR5.Вирусот ХИВ го користи тој протеин како врата за да влезе во човековиот организам, а кај овие луѓе тој протеин е блокиран. ХИВ-от не може да ги зарази. Сепак, таа генетска мутација погодува само 1 отсто од белците.
Супер густи коски
Со годините густината на коските се намалува што ги прави лесно кршливи. Постои група на луѓе кои ниту во староста немаат проблем.
Постои група на луѓе која ниту во староста нема проблем со густината на коските и остеопорозата. Тајната е во мутацијата на SOST генот. Тој ген може да го имаат припадниците на африканската популација, а тој е важен затоа што го контролира протеинот склероистин кој ја регулира густината на коските. Ако кај човек се појави само една копија на генот, неговите коски се исклучително јаки во староста, но веќе две копии од тој ген може да предизвикаат проблеми како што се гигантскиот и неконтролиран раст.
Отпорност на маларија
Маларијата е болест од која годишно умираат преку 600.000 луѓе во светот. Сепак, некои луѓе се отпорни на овој вирус. Него го пренесуваат комарците, но некои луѓе се отпорни на маларијата благодарение на една друга болест. Станува збор за српестата анемија, специфичен тип во кој постои абнормален тип на хемоглобин во еритроцитите. Маларијата е тип на паразит кој влегува во црвените крвни зрнца и таму се размножува и ги уништува. Абнормалниот хемоглобин не е добар домаќин за паразитот па заболените се заштитени од оваа опасна болест.
Златна крвна група
До скоро верувавме дека постојат четири крвни групи – нулта, А, Б, АБ, кои дополнително може да се поделат во осум крвни групи во зависност од тоа дали РХ -факторот е позитивен или негативен. Општо правило е дека нултата група е универзална и секој може да ја прими, но тоа не е во потполност точно.
Постои и навистина редок тип на крв ,т.н. Рх-негатив , која не содржи никакви антигени во Рх- составот, а на светот постојат дури 40 луѓе со ова амутација. Она што ја прави посебна оваа група е тоа што значително е подобра како универзален давач и од крвната група нулта.
Компатибилна е со сите други ретки крвни групи, но во светот во моментот има само девет живи донори. Оваа крвна група се нарекува и златна крв. Оние луѓе кои ја имаат оваа крвна група, имаат привилегија да им помогнат на сите луѓе на светот, но ако им затреба помош може да им помогнат само девет луѓе на светот.
Може да јадат човечко месо без последици
Освен морални, постојат и здравствени причини поради кои на ниту еден вид не му се препорачува да ги јаде припадниците од сопствениот вид. Целото племе форе од Нова Гвинеја во средина на 20-от век било покосено од епидемија на болеста кура.
Тоа е дегенеративна и фатална болест на мозкот слична на кравјото лудило, поради кое мозокот се претвора во „каша“. Заболените првин дoживуваат проблеми со памтењето а потоа полудуват, со тоа што со болеста може да живеат неколку години. Во почетокот антрополозите и лекарите не можеле да сфатат зошто племето било болно, а потоа откриле дека болеста се шири на т.н. погребни гозби каде во знак на почитување кон покојникот јадат дел од неговото месо. Но сепак сите не биле заразени по таквиот канибалистички ритуал, а преживеаните имале мутација на генот наречена G127V, која ги спасила иако консумирале заразени трупови.
Спијат по четири часа дневно без последици
На просечен човек му се потребни седум до осум часа сон дневно за да може нормално да функционира, но постојат луѓе кои со години може да спијат до 4 часа , а тоа да не влијае врз нивното здравје и спосбност. Тоа се објаснува со мутацијата на генот DEC2, поради кој тие спијат помалку но квалитетно, односно со интензивни РЕМ фази кои носат повеќе одмор. Што поквалитетно спиеме толку помалку сон ни е потребно, објаснуваат научниците.
Исто така одредена група на луѓе, како луѓето од племето Мокен, имаат способност јасно да гледаат во вода дури и на длабочина од 22 метри. Тибетанците и Непалците живеат на просечна височина од 4.000 метри каде кислородот содржи околу 40 отсто помалку кислород. А некои народи како Ескимите кои живеат во екстремно студени предели се прилагодиле да опстојуваат на екстремно ниски температури.