Home / природен лек / Ловоров лист – зачин и лек

Ловоров лист – зачин и лек

Ловорот го стимулира варењето, го подобрава апетитот, добар е за искашлување и има антиреуматско и антисептично делување.

lovorКако природен лек против реуматски болки се користи етерично масло од ловор кое можете да го ставите во обично масло, две три капки етерично масло од ловор ставете во пола литар топла вода и ова ќе биде одлично за инхалација. Против умор, за релаксација, доволно е да додадете неколку капки од ова масло во када.

Поради неговото антисептично делување, ловор е одличен против потење на нозете, потребно е само да сварете неколку листови ловор во вода со која покасно се мијат нозете. Ова можат да го користат и луѓе кои имаат проблеми со потењето на рацете. Во некои земји водата во која се имаат варено листовите на ловор или етерското масло од ова билка се користи за кожни болести па дури и како народен лек за псоријаза.

Етеричното масло од ловор се корист  во индустријата како додаток на детергентите, козметичките производи, производи за личната хигиена но и во средствата за после бричење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top