Free songs
Home / природен лек / Како природно против жолтица

Како природно против жолтица

Симптомите на жолтица се екстремна слабост, главоболка, треска, губење на апетит, интензивна констипација, гадење и жолта обоеност на очите, јазикот, кожата и мочта. Пациентот исто така може да се почувствува и тапа болка во регионот на црниот дроб. Опструктивната жолтица може да биде поврзана и со интензивно чешање. Блага форма на вирусна жолтица може да се излечи брзо со диететска терапија и физички одмор.

Bitter Luffa:
zoltica
Сокот од ова растение се смета за ефикасен лек против жолтица. Тој се прави со процедување на неговиот плод преку парче ткаенина. Сокот треба да се стави на дланките и да се вдиши преку ноздрите. Со ова се предизвикува течење на жолтеникавата слуз од носот. Токсичната материја која била внесена во определени количини на овој начин се ослободува од организмот. Ова секако јак лек и може да предизвика несакани последици како на пример вртоглавица, мигрена а понекогаш и висока температура за кратко време кај пациенти со деликатна природа на организмот. Затоа, овој лек не се препорачува кај ваквите пациенти. Доколку сокот од зелениот плод од ова растение не е достапна, тогаш се заменува со две до три капки од течноста добиена од потопена сува кора во текот на ноќта. Со ова се произведува идентичен ефект. Семето од ова растение е лесно достапно и може да се употребува за истата намена откако ќе се протрие во вода.

Листови од ротква: 

Зелените листови од ротква се уште еден ефикасен лек против жолтица. Листовите треба да се здробат а нивниот сок да се процеди преку ткаенина. Половина литар од овој сок се зема дневно од страна на возрасните и предизвикува зголемување на апетитот и соодветно прочистување на утробата а како крај на се, се намалува порастот на самата болест. Во повеќето случаи, целосно излекување се постигнува во период од осум до десет дена.

domatДомати: 

Доматите се корисни против жолтица. Една чаша свеж сок од домати промешан со грст сол и бибер, се зема секое утро. Ваквиот лек е мошне ефикасен против оваа болест.

Snake Gourd Leaves: Листови од змиеста тиква
Листовите од ова растение се сметаат за мошне полезни против жолтица. Се прави инфузија од овие листови со промешување од 15гр суви листови и 250мл зовриена вода. Потоа, се прави екстракт од семе од коријандер во 500мл вода се додека не се намали на една третина. Инфузијата треба да се зема во дози од 30 до 60мл, промешана со екстракт од семе од коријандер, трипати на ден.

Pigeon Pea Leaves:
Зелените листови од ова мешункасто растение, особено зрната, се сметаат полезни за жолтица. Сокот добиен од ова лисје треба да се зема во дози од 60мл секој ден. По оваа употреба, се забележува значително подобрување.

kardamonБадеми, осушени урми и кардамом:
Смесата од бадеми, суви урми и кардамом се смета како ефикасен лек против жолтица. Осум бадеми, две суви урми и пет мали кардамоми треба да се потопат во вода и да се остават да отстојат преку вечерта. Притоа, треба да се отстрани лушпата од бадемите и семето од урмите наредното утро а останатиот материјал треба да се здроби и од него на да се направи фина смеса. Потоа, се зема педесет грама шеќер и еднаква количина на путер и се промешува а пациентот таквата смеса треба да ја оближува.

Сок од шеќерна треска:
Една чаша од овој сок, промешана со сок од половина зелен лимон, кој се зема двапати на ден може да го забрза закрепнувањето од жолтицата. Притоа, е особено важно сокот да биде чист и пред се да биде подготвен дома. Отпорот е низок на жолтица а секој инфициран пијалок може само да ја отежне самата состојба.

limon-630x439Лимон:
Лимонот е исто така полезен за третманот против жолтица.Пациентот треба да зема 20мл сок од лимон промешан со вода неколку пати на ден. Со ова се заштитуваат оштетените ќелии на црниот дроб.

Вода од јачмен
:
Водата од јачмен пиена неколку пати за време на денот е уште еден ефикасен лек против оваа болест. Една шолја од јачмен треба да се промеша во три литри вода и да се пие на секои три часа.

Jaundice Berry: 
Ова растение, ботанички попознато како Бербери вултарис е многу полезно против жолтица. Сомелената лушпа треба да се зема неколку пати на ден во доза од една четвртина к.л. во третирање на оваа болест или пак течноста која е добиена како екстракт да се зема во дози од 2 до 4мл.

Ayurveda

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top