Еден литар масло од смил (медитеранска билка со латински назив Helichrysum italicum) моментално чини рекордни 1.800 евра, а купувачите на тоа течно злато од ароматични билки кое се произведува во Далмација чекаат на ред.
Маслото го произведува фабриката Смилја во Мацура, а во ред се од германски партнери на таа далматинска фабрика во Јастребарско, преку Данци, до Белгијанци.
Побарувачката е огромна, го бара козметичката и прехранбената индустрија, дури и пластичната хирургија, пишува загрепски „Вечерњи лист“ и додава дека неговите лековити својства во сите краишта на светот се на цена, а сиромашниот крај околу Кистања, до Шибеник, претставува рај за таа култура која бара медитеранско поднебје.