Home / природен лек / Лесно се нервирате? Секогаш имајте го ова со себе – ќе ве смири веднаш

Лесно се нервирате? Секогаш имајте го ова со себе – ќе ве смири веднаш

Ако лесно се „вжештувате“ или сте под стрес, како прва помош добро ќе ви се најде шишенце етерично масло. Проверете кое масло има доволно моќен мирис да ги смири напнатите нерви.

Лаванда

Едно од најпопуларните масла за смирување е маслото од лаванда. Лавандата е многу отпорно растение кое можете да го одгледувате во вашата градина и не бара многу грижа. Кога се користи како дел од ароматерапијата, таа ги отсранува напнатоста и стресот, и релаксира. Добра е и за оние кои страдаат од несоница.

Јасмин

Потекнува од Индија, но јасминот сега може да се најде насекаде по Средоземното Море. Се нарекува и „крал“ меѓу миризливите масла. Има богат, длабок мирис кој е сензуален и опушта. Се користи и против ментални блокади, нервози и тага. Сосема добро делува и како антидепресив.

Камилицаkamilica

 

Маслото од камилица е исто така одлично за смирување. Делува како седатив, а во облик на чај е познат напиток за релаксирање. Во ароматерапијата неговата улога е поинаква. Освен што смирува, ја намалува болката и стресот.

Багрем

Иако се користи како масло кое дава сила, багремот може да се вброи во есенцијални масла за смирување. Корисно е за намалување на стресот.

Роза

Во Бугарија маслото од роза се користи за ублажување на хистерија, тага и депресија. Некои тврдат дека ги балансира женските хормонални циклуси.

Нероли

Нероли е егзотично масло кое се произведува во неколку различни земји, вклучувајќи ја Франција, Мароко, Тунис и Египед. Маслото е добиено од горчлив портокал и тоа е едно од најдобрите ароматични антидепресиви. Добро делува против стрес, анксиозност, шок, страв и недостаток на доверба.

Сандала

Ова е уште едно масло од Индија, а освен што е корисно за третирање акни, тоа е прекрасен начин да се смират нервите. Релаксира и ја намалува иритацијата, а може да биде од помош за време на депресија.

Ylang Ylang

Етерично малсо кое потсетува на јасмин. „Цвертот на цветовите“ од Мадагаскар има сладок, егзотичен, светен и сензуален мирис. Се користи како антидепресивно сретство бидејќи го смирува бесот и ја ослободува напнатоста. Што се однесува на физичките ефекти, се знае дека Ylang Ylang може да ги смири проблемите со акните, да го намали крвниот притисок, да ги намали мускулните грчеви, да ги ублажи симптомите на ПМС и да помогне во борбата против бактерии.

Ванила

Маслото од ванила може да се најде на тропските места како Тахити, Мадагаскар и Јава. Богат, топол и сладок мирис кој за многумина е едно од најпријатните мириси, па омилен е во промовирањето на мирно расположение. Делива и како афродизијак.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top