Home / алтернативна медицина / Лековити води во Македонија

Лековити води во Македонија

Смрдлива вода 

Најпосетуваниот туристичкиот локалитет е Смрдлива Вода до кој се стигнува преку Гевгелија. Тој се наоѓа на 850 метри надморска височина. Станува збор за минерални извори кои своето име го добиле по тоа што водата мириса на “расипано јајце”.

smrdliva voda

Нивната лековитост се состои во тоа што помагаат при стомачните заболувања, заболувањата на желудникот и бубрезите, како што е каменот, и за воспаление на мочните органи. Во овој дел покрај самиот пат се наоѓа Конска река која мами со своите диви предели, но и со ендемичните видови растенија, како што е Гол човек (Arbutus andrachne), единствено зимзелено дрво коешто двапати годишно ја менува својата црвенкаста и лушпеста кора. Така, кога ќе го допрете, имате чувство дека допирате нежна човечка кожа. Лисјата му се јајцевидни, а цветовите распоредени како гроздови.

Дојран

Надалеку познатата кал од плажите на Дојранско Езеро, која неоспорно има лековити својства, летово е вистинска атракција.

dojran6Докажано е дека езерската кал, благопријатно дејствува на некои кожни заболувања, на болки во зглобовите, артритис, бронхитис и други заболувања, а нејзиното нанесување и примената се лесни и безболни, па дури и атрактивни, вчера на пример, на полните плажи се забележуваа „црни“ измачкани туристи, меѓу останатите капачи.

Некои ја прифаќаат, некои се скептични, други не ја поднесуваат нејзината миризба на школки и алги…

Во Македонија постојат и околу 65 термо-минерални извори со лековити води од вулканско потекло. Температурата на тие терминални води се движи од 30 до 72 Целзиусови степени. Во сите нив се лекуваат голем број заболувања

Дебарските Бањи се рангирани на прво место во Европа а трето во светот.

Термоминералните води се прочуени и се вбројуваат меѓу најпознатите бањски лековити води во Европа и светот за лекување на разни болести.

13A191705F8C9348B4ECB74D4433D25AОвие бањи (познати како бањи Цапа, има две), со надморска висина од 600 м. (с. Косоврасти, во близина на Дебарското езеро) односно 900 м. (с. Баниште) во суштина се малку познати во пошироката јавност, но не и во стручната.
Термоминералната вода во комбинација со терапиите помагаат за лекување 35 вида болести и тоа: за болести на локомоторниот апарат, на нервниот систем, гастроинтестиналниот систем, респираторниот систем, уро-гениталниот систем, потоа за ендокрини, ортопедски, кожни и други заболувања.

Термоминерални извори Проевце

Термоминерални извори кај с. Проевце се наоѓаат на само 2 км источно од градот Куманово. Водата од изворите има температура од 31°C (хипотермна) и издашност од 4 литри во секунда. Водата истекува од две примарни дупнатини и две подоцна изведени дупнатини, а потекнува длабоко од под мермерните карпи. Таа е лековита, особено погодна за очните, нервни заболувања и др. Кај самите извори е изградена бања уште во почетокот на XX век, која сега е запуштена. Водата од изворите дава можност за лекување, превентивни третмани, капење и останати посебни програми, а самата околина за прошетки и рехабилитација. 

Термоминерален извор-бунар Стрновац

Strnovac-300x224Во близина на с. Стрновац во општина Старо Нагоричане, на само 17 км од градот Куманово, непосредно до коритото на реката Пчиња има термоминерален извор-бунар, од кој излегува топла вода со температура од 40°C и издашност од 35 литри во секунда. Водата потекнува од длабочина од 300 метри, има голема тврдина и значително количество на железо, сулфур и хидрокарбонат.

Водата од бунарот е зафатена и се влева во два базени кои се користат како бања. Поради одличниот минеролошки состав на водата, постои можност за лекување на ревматски, кожни и други болести, рехабилитација, капење, превентивни третмани и друго, но сето тоа би требало да се одвива под надзор на лекар.

Термоминерален извор-бунар Тополовиќ

Кај с. Тополовиќ, Кратовско, има појава на термоминерален извор наречен Вруќа Вода од кој излегува топла вода со температура од 48°C и издашност од 12 литри во секунда. Водата потекнува од длабочина од 360 метри, има голема тврдина и значително количество на железо, сулфур и хидрокарбонат. Тоа нуди одлични можности за за лекување на ревматски, кожни и други болести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top