Home / аларм / Лекарите предупредуваат: Никогаш повеќе не ја ставајте храната во алуминиумска фолија!

Лекарите предупредуваат: Никогаш повеќе не ја ставајте храната во алуминиумска фолија!

Дали сте и вие дел од луѓето кои сите остатоци од храна ги замотуваат во алуминиумска фолија, па дури и ја подготвуваат храната во неа?

alluminium folijaПовеќе немојте да го правите тоа, бидејќи лекарите издадоа шокантно предупредување. Имено, алуминиумот од оваа практична фолија многу лесно влегува во вашите намирници, а колку температурата е поголема, повеќе алуминиум завршува во храната која ја јадеме и им ја даваме на нашите деца!

– Тоа може да доведе до опасни болести – предупредува доктор Зубаиди, еден од авторите на студијата.

Лекарите предупредуваат дека станува збор за количини кои се исклучително штетни за здравјето. Опасно е да се подготвува храна во алуминиумска фолија, да ја подгревате во неа и да оставите во неа да се лади.

– Таквата фолија никако не е погодна за готвење, но ниту за користење за складирање особено кај некои намирници како што се доматите или зачините – објаснува доктор Зубаиди и предупредува дека со акумулацијата на алуминиум во телото може да се појават сериозни болести како што се, на пример, остеопороза и Алцхајмерова болест.

Премногу алуминиум доведува и до високо ниво на калциум во крвта, што е и најчест показател дека во телото има премногу алуминиум. Во претходни студии е пишувано и дека кај болните од Алцхајмер е пронајден наталожен алуминиум во мозочното ткиво. Тоа го утврдиле по смртта на болните, кога со обдукција го проучувале мозокот.

Доктор Зубаиди вели дека алуминиумската фолија не е опасна за здравјето ако во неа се става ладна храна, но напоменува дека треба да се избегнува и алуминиумскиот прибор за јадење и садови.

За готвење подобро е да користите мрсна хартија за печење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top