Free songs
Home / нови лекови / Лекарите почнаа да пропишуваат рецепти за масло од канабис

Лекарите почнаа да пропишуваат рецепти за масло од канабис

Маслото од канабис на рецепт веќе им е достапно на македонските пациенти. Можат да го користат болни од мултиплекс склероза, епилепсија, малигни заболувања и ХИВ инфекција. Се уште траат едукациите на специјалистите што ги вршат странски експерти околу правилната примена и употреба на препаратот. За ова лекари и фармацевтски работници можеа да се информираат и на симпозиумот организиран од Агенцијата за лекови и Зелена алтернатива. Масовноста посетеност укажува дека е голем интересот во земјава за лековитите дејства на канабисот.

konop marihuana maslo– Овие препарати во комбинација со конвенционалните лекарства можат да помогнат многу во подобрување на здравјето на пациентите и квалитетот на животот, но наспроти нивната легализација тие не смеат во ниту еден случај да бидат замена за конвенционалната терапија, изјави Марија Дарковска директор на МАЛМЕД

– Употребата на канабис во медицински цели треба да биде со медицинска препорака и под медицински надзор. Очекувам дека со овој симпозиум ќе придонесеме во насока на бенефит за сите лица кои се соочуваат со одредени здравствени потешкотии и кои веруваат дека ваквата терапија ќе помогне, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Еминентни експерти од Америка и Канада им го пренесоа на нашите лекари нивното долгогодишно клиничко искуство со употребата на канабис во медицински цели. За нив ова е медицина што може да биде многу безбедна и ефикасна кога се користи правилно и тоа за голем спектар на болести.

Од здружението Зелена Алтернатива кои беа главни иницијатори за легализацијата на канабисот во медицински цели, очекуваат по овој симпозиум во аптеките да имаме квалитетни и добри производи кои пациентите ќе ги користат за лекување.

– Нелегалниот пазар може да биде сузбиен само со добри и квалитетни производи кои ќе бидат по достапни цени во аптеките и во иднина ќе бидат достапни повеќе производи, изјави Давор Ангеловски од Зелена Алтернатива.

Со измените на законот за контрола на опојни дроги и психотропни суптстанци, од 5 март годинава канабисот стана легален за употреба во медицински цели.

Sitel.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top