Home / бабини рецепти / Лек запишан во Библијата, стар 3.500 години

Лек запишан во Библијата, стар 3.500 години

Во Библијата маслиновото дрво се спомнува повеќе од 1.000 пати, но бидејќи во денешно време најпопуларниот дел од него се самите маслинки, многумина не знаат дека и самото стебло, како и лисјата се неверојатно лековити. Најзначајната состојка во лисјата од маслиновото дрво е олеуропеинот, кој поседува неверојатни антибактериски својства.

Juzna-maslinova-grana_540Маслиновите лисја ја подобруваат здравствената состојба кај голем број болести кои се предизвикани од микроби. Исто така помага при грип, менингитис, хепатитис Б, воспаление на белите дробови, гонореја, менингитис, хроничен умор, ботулизам, чир на желудник и херпес. Од друга страна, може да ви биде од голема помош и при инфекциите на мочниот меур и патишта. Маслиновите лисја ги спречуваат и инфекции настанати од габи.

Пиењето чај од маслинови лисја помага при обновување на целиот имунитет, но исто така служи и за враќање на енергијата кај измачениот организам, на пример, по хемотерапија. Лисјата од маслиновото дрво се многу лековити и можат да ви помогнат да се изборите со многу вируси, паразити, бактерии и габи. Токму затоа и имаат силно влијание врз вашето здравје.

Сè што ви е потребно за овој чај се 15 до 20 исушени маслинови лисја. Во 200, 300 милилитри зовриена вода, додајте ги лисјата и оставете ги на оган уште 2, 3 минути. Потоа тргнете ги од оган и оставете ги да стојат во водата уште 10-тина минути, па извадете ги. Овој чај може да се пие ладен и топол, со мед, лимон или чист. Чајот треба да го пиете секој ден со цел да почувствувате подобрување. Исто така се препорачува и превентивно пиење со цел да ги надитрите наведените болести.

Најдобро е лисјата да ги берете за време на пролетта, кога се млади, да ги измиете и да ги оставите на воздух да се исушат. Чувајте ги затворен сад, скриен од сончевата светлина.

Denesen.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top