Free songs
Home / алтернативна медицина / Лек за очи се бара во Kапиштец и Kучково

Лек за очи се бара во Kапиштец и Kучково

Јас сум жив сведок дека оваа вода што извира од карпата е добра за лекување очи. Пред многу години имав проблем со окото, не знам што беше, но не поминуваше. Слушнав дека водиве помагаат и, вистина, дојдов, се измив и оздравев. Сега секојдневно доаѓам и полнам шишиња вода што тече од карпата. Дома само таква вода пиеме, целото семејство и внуците. И, еве, јас имам седумдесет и кусур години, ама проблем со здравје немам, ни рече скопјанецот Панде Сековски кого деновиве го сретнавме како во дворот на црквата „Свети Јован Kрстител“ во населбата Kапиштец полни вода од изворот за да ја однесе на своето семејство.

voda kuckovoОсвен изворот во Kапиштец, луѓето најмногу го посетуваат и изворот во црквата „Светите Kозма и Дамјан“ во скопското село Говрлево, но и лековитата вода, чиј извор се нарекува „Мијочи“ во селото Kучково.

Kапиштец никогаш не пресушил и не се загадил

Приказните за моќта на водата ни ги потврди и Лилјана Рaдосавлевиќ, која со години работи во црквата. Таа сведочи за многу приказни на граѓаните што биле тука и се излекувале.

– Многу операции се откажани оти луѓето си нашле помош тука од водата. Звучи неверојатно, ама ете вистинито е. Секој ден уште рано наутро многу граѓани доаѓаат да си полнат шишиња со вода што истекува од неколкуте извори околу црквата. Има и постари луѓе, но навистина не им е тешко. Веруваат дека оваа вода ги крепи. Јас познавам и неколку Албанци, муслимани, кои многу често доаѓаат во дворот на црквата за да полнат вода, велат им помогнала и сега веруваат и ја пијат – вели Радосавлевиќ.

Овој извор се наоѓа во непосредна близина на црквата, во карпата која како со нож е засечена во планината на која има густ појас багреми. Традиција е на него најмногу луѓе да се собираат на верскиот празник Балаклија, но и на други. Упатените велат дека по својот изглед многу потсетува на изворот „Баликли килисе“ во околината на Истанбул, Турција, исто така познат по својата лековитост. Неговата посебност произлегува и од тоа што во текот на сите изминати столетија никогаш не е забележано дека овој извор некогаш пресушил. Дури ни во време на најголемите сушни години што го погодувале Скопје. Истовремено, за чудото да биде поголемо, а тоа го сведочат постојаните анализи на Заводот за јавно здравје, оваа водата е кристално чиста и здрава за пиење, иако се наоѓа во строгиот центар на градот каде што е изложена на разни загадувања.

151681_bgizvor-sveta-petka001-foto-emil-conkic252_hsОвој извор не е и единствен тука. Во задната страна на црквата „Св. Јован Kрстител“ има кладенец со жива вода во параклисот од камен, изграден во чест на Пресвета Богородица. Параклисот бил направен откако ~ се сонило на многу побожна старица, која живеела во близина на црквата. И на него, како и кај другите, луѓето најмногу бараат помош кога се во прашање очните болести, но и за душевни маки. Инаку, историјата на постоењето на оваа манастирска црква во Kапиштец, но и на пошироката околина зборува за многубројните извори што постојано бликаат со чиста и пивка вода и никогаш не пресушуваат. Во еден стар запис стои дека: „Во село Долно Водно крај Скопје има три култни извори, кои се нарекуваат ’Kапиштец’“. Тоа се петте извори посветени на чудесата на св. Јован Kрстител, св. Богородица, света Недела, на света Петка и во чест Руса среда.

Предупредување во сонот

Чудесна вода има и од другата страна на Водно, кај селото Говрлево, на јужните падини на Водно и кое е многу познато по големото археолошко откритие, фигурата на Адам од Македонија. Тука е најдено и непознатото писмо кое е мошне слично на глаголицата, но кое с` уште не е дешифрирано, а тука е настаната и приказната за излекувањето на големиот римски император Јустинијан Први… Сега, некогашно село во кое имало многу куќи и народ, сега е спаднато на само три куќи и неколку жители. Сепак, во селото луѓето и натаму доаѓаат. Најмногу поради лековитите води што ги има околу неколкуте цркви кои тука постојат.

Најпознати се, секако, водите од црквичката која е посветена на светите Kозма и Дамјан, а која се наоѓа во подножјето на ридот, под археолошкиот локалитет, во близина на Долно Соње. Храмот е изграден пред осумдесетина години откако, според преданието, луѓето што живееле тука добиле предупредување дека таква лековита вода треба да се користи многу пополезно отколку дотогаш. Тогаш на еден од селаните му се сонило дека водата е лековита и дека треба да му се подигне храмот на светите Kозма и Дамјан, познати христијански светители кои ги лекувале луѓето без надомест.

17072014152058_voda, stip, eserihija koliОткако е направена, изворот на водата е сместен во внатрешноста на црквата. Ограден во форма на крст се наоѓа точно во олтарот, под фреска со мотиви, на кои се прикажани верници пред чудотворна вода.

Жителите на Говрлево раскажуваат за многу случаи во кои луѓе со мака заминувале среќни и насмеани. За излекувани мистериозни кожни болести, респираторни проблеми, проблеми со плодност, со видот и слично.

– С` уште се прераскажува приказната за двете жени, кои по тринаесет години дочекаа пород. Едната од нив раскажуваше дека некој глас ~ рекол да дојде во манастирот и цели четириесет деноноќија да пали кандило. Да донесе и лулка и с` што е потребно за бебе и да ги остави да стојат во манастирот – раскажуваат селаните.

Верниците што ја користат водата веруваат дека ќе им помогне за подмладување, проблеми со видот и со колената и многумина од нив чудотворно биле излекувани.

На само неколку метри од нетипичниот храм со лековита вода во олтарот се наоѓа уште една чешма, според многумина, исто така со чудотворна моќ. Се верува дека таа вода е за подмладување, но и дека помага при ослабен имунитет. Приказните за луѓето што во Говрлево нашле лек за своите здравствени проблеми ги надополнуваат и оние што се врзани за манастирите „Свети Трифун“ и „Свети Петар и Павле“, но на друг начин. Околу овие светилишта има повеќе духовни гробови и кај кои се поставени душеци на кои верници преспиваат молејќи се за помош. Верувањето е дека на тој начин ќе си најдат утеха оние луѓе што имаат проблеми со кожни болести, респираторни проблеми, проблеми со плодноста, со видот и слично.

„Миочи“ во Kучково има своја легенда

francija vodaДека речиси секое македонско село крие по некоја приказна за места со чудотворна моќ, зборуваат и жителите од Kучково. На само 15 километри од Скопје, северно кон границата со Kосово, за многумина најубавото село во скопската околина, се крие една многу стара тајна, а која се врзува за изворот што постои во атарот на селото. За него прво знаеле малкумина, претежно жители на селото, но во последните години изворот наречен „Миочи“ го посетуваат дури и луѓе од околните држави.

Легенда тука е и дека во околината на изворот имало дупка, наречена Kоњска нога, и која, наводно, останала откако Kрале Марко со својот коњ Шарец поминал крај селото.

– Дупката од копитото на Шарец требало да биде патоказ за света вода – вели чичко Томе.

Водата истекува од подножјето на поголема карпа преку една цевка и се слева во помало корито. Над изворот е направен мал покрив, а околу има клупа и маса. Тука обичај било луѓето, откако ќе земат вода, да оставаат облека, најчесто машки и женски маици, кои тука остануваат долго време. Речиси никогаш не се случило оставената облека некој да ја украде.

Необјасниви излекувања

vodaВерувањето дека некои води се лековите не е својствено само за Македонија и за земјите од нашето опкружување. Во светот с` уште се бараат објаснувања за чудесните својства на водата на местата како Лурд во Франција, а чии извори се исцелителни за илјадници тешко болни луѓе што ги посетуваат. Ватикан дури и 65-те исцелувања што таму се случиле ги признал за чудо. Изворите на вода во Тлакота во Мексико е место каде што над десет илјади луѓе дневно чекаат и по 48 часа за да земат вода од изворот за чија моќ кружат неверојатни приказни. Интересно е да се спомене дека изворот на животот, како што ја нарекуваат водата од овој извор, е откриена во дваесеттите години на минатиот век.

Исто така, во светот се знае за еден извор во градот Надан во Индија, на 150 километри северно од Делхи, кој сосем случајно го откриле сопствениците на имотот кога почнале да копаат дупка за темели на својата куќа. А дека водата имала необични својства, зборува и приказната за работникот кој сериозно се повредил при откопувањето на темелите. Ја измил раната со вода што извирала оти му била најблиску, па останал во чудо кога набргу раната се затворила. Оттогаш во селото доаѓаат илјадници луѓе.

Во Норденау, град што се наоѓа во германската покраина Шмаленбугр, во напуштен рудник, откриен е извор на вода за кој многу германски лекари тврдат дека има фантастични својства. Новинарот Гуидо Бранденбург исто така сведочел за лековитоста водата бидејќи лично сретнал луѓе во рудникот на кој им се нормализирал крвниот притисок, но и такви што со водата излекувале тешки очни болести. Новинарот испил два децилитра од водата и почувствувал како електрицитет му проструил низ телото с` до врвовите на прстите. Луѓе што биле во рудникот сведочеле дека од водата се излекувале и луѓе со малигни заболувања, дури од водата им било давано на лица што ја преживале чернобилската катастрофа.

Dnevnik.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top