Home / Болести и лечење / Лек за намалување на покачен холестерол

Лек за намалување на покачен холестерол

Витамин Б3 – ниацин (никотинска киселина) веќе 60 години се користи за контрола на холестерол, со околу 42 000 научни трудови објавени на PubMed каде што се опишани придобивките и ефектите од истиот.

holesterol“За разлика од статините, кои воглавно го намалуваат LDL холестеролот, ниацинот е многу безбеден и ефикасен за третман на сите липидни форми регулирајќи го нивото на добриот и лошиот холестерол, како и на триглицеридите” – вели Бредли Бејл, MD, директор на Програмата за срцево здравје при Грејс клиниката во Лубок,Тексас.
Една забележителна студија објавена во Журналот на Американскиот колеџ по кардиологија, открива дека во терапевтски дози, ниацинот го зголемува HDL (добриот) холестерол до 35%, а триглицицеридите ги намалува до 50 %.
Она што е највоочливо е тоа што од 8 431 учесници во истражувањето, од кои сите имале срцев напад пред да бидат вклучени во истражувачката студија, која траела 15 години, оние кои земале ниацин имале 26% помал ризик од срцев напад, дури и откако третманот бил прекинат, споредено со оние кои земале плацебо.

И покрај 42 000 научни трудови кои ја опишуваат неговата ефикасност, останал во сенка на статините.

Д-р Бејл во својата пракса обично препорачува ниацин за следниве пациенти, ако е соодветно на состојбата:

– Пациенти со висок холестерол кои не толерираат статини. Околу 20 % од пациентите се откажуваат од терапијата поради несаканите ефекти на статините.
– Пациенти со комплексна липидна состојба, како низок HDL холестерол кој го штити срцето, а високо ниво на триглицериди.
– Пациенти со наследно нарушување на нивоата на холестерол, како што е зголемено ниво на липопротеини, тип на холестерол кој тројно го зголемува ризикот од срцев напад и не дава никаков одговор на статини. Со земање на ниацин нивото на липопротеин може да се намали до 40%, согласно Европско друштво за атеросклероза.
– Пациенти кај кои статините не делуваат неколку студии покажуваат дека статини комбинирани со ниацин даваат подобри ефекти.

Несакани ефекти на ниацинот

Во дози во кои вообичаено се користи за контрола на холестеролот витаминот ниацин може да даде непријатен несакан ефект познат како “ниациново црвенило”, привремено црвенило кое понекогаш чеша или скокотка и трае од 30 – 60 минути.
“Лекарите кои препорачуваат ниацин очекуваат поплаки од нивните пациенти поради вцрвување особено на почетокот на терапијата” вели д-р Бејл. “Како и да е, овој проблем не е значаен и може да биде надминат ако се започне со ниски дози, а потоа дозата се зголемува”. Пациенти кои имале ваков проблем забележале и самите дека тој исчезнува со тек на време.

Постојат и формулации со продолжено ослободување кои не предизвикуваат црвенило, но се помалку ефикасни и имаат други несакани ефекти. Според д-р Бејл, постојат два начини на метаболизирање на ниацин, а оној кој не предизвикува црвенеење е поверојатно дека го оштетува црниот дроб. Поради тоа тој препорачува избегнување на овие формулации и употреба на ниацин по консултирање со лекар и по надзор на истиот..
Како и статините, и ниацинот може да предизвика мускулни проблеми кај некои пациенти. Може да ги влоши симптомите кај пациентите со гихт, и може да допринесе до гастроинтестинално крварење кај пациенти со улцер. Секој третман за намалување на холестеролот може да предизвика несакани ефекти, но во споредба со статините, ниацинот е релативно безбеден.

popara.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top