Home / нови лекови / Лек за бришење на лошите сеќавања

Лек за бришење на лошите сеќавања

Научниците почнаа да ги тестираат хемикалиите кои може да ги избришат, па дури и повторно да ги создадат сеќавањата на луѓето.

Потенцијално штетните сеќавања на некои трауматични случувања може да формираат спомени кои честопати имаат трајни последици врз нашето однесување.

BrainНаучниците се надеваат дека еден ден ќе може да помогнат во откривањето на медицинските третмани за луѓето кои патат од посттрауматски стрес (PTSP) или се борат со некаква зависност.

За да ја демонстрираат непостојаноста на сеќавањата, научниците од Универзитетот Вашингтон побараа од возрасните волонтери да одговорат на анкетните прашања за своите прехранбени навики или навиките при консумирање алкохол во период од пред 16 години. Една недела подоцна, им ги врачиле анализите на кои истражувачите намерно погрешно навеле дека испитаниците се разболеле откако како тинејџери пиеле рум или водка.

Еден од пет учесници не ја воочил намерно вметнатата лага, туку се “присетил” на овој инцидент. Студиите како оваа може да помогнат во откривањето на новите можности за лечење на проблемите со менталното здравје, наведува “Popular Science”.

Посттрауматскиот стрес и зависностите се основаат на сеќавањата кои би можеле да го предизвикаат проблематичното однесување, како желбата која се јавува само со гледање на приборот за консумирање на дрога или чувството на ужасен страв заради слушање на гласни звуци.

Досега, експериментите врз глувците беа успешни, а останува да видиме како на нив ќе реагираат луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top