Лечењето со јаболков оцет, се врши на оној начин, што после пливањето или капењето, се плакнат ушите со раствор од јаболков оце и вода, во однос 1:1.
Потоа се капнуваат неколку капки загреан јаболков оцет, во затнатото уво, па се чисти ушната школка за да се олесни навлегувањето на течноста, и се навалува главата за да излезе течноста и обратно. Постапкава се повторува 2-3 пати на ден, додека калта не се раствори.
Друг начин на чистење на ушниот канал е напарувањето. Тоа се прави со загреан јаболков оцет и вода, во однос 1:1, и држење на увото над пареата 2-3 минути (најубаво е да се искористи инка, насожена со потесниот дел кон увото). И оваа постапка треба да се повтори 2-3 пати на ден.
Внимателно со загревањето на јаболковиот оцет. Немојте да се попарите. Загрејте го да биде млак и да не ве изгори.