Home / Болести и лечење / Ладни раце и нозе? – ова се болестите со овие симптоми

Ладни раце и нозе? – ова се болестите со овие симптоми

До чувство на студенило на екстремитетите доаѓа поради процесот со кој организамот ја одржува температурата на виталните органи. Меѓутоа, ако рацете и стапалата ви се често пати ладни, тоа може да укажува на здравствени проблеми.

Анемија

rakaДоколку освен ладни раце чуствувате и некои други симптоми како замор, главоболка и малаксаност, проверете го нивото на железо во крвта. Тоа е главната состојка на хемоглобин, молекулата која пренесува кислород во крвта и и дава црвена боја.

Дијабетес

Студенилото, како и пецкање во дланките и стапалата можат да бидет први знаци на дијабетес. Тој остава последици на крвотокот, како и нервниот систем, па често е пратен со вакви појави, Често сте жедни, јадете многу, а не се дебелеете или не слабеете, задолжително проверете го нивото на шеќер во крвта.

Тироидна жлезда

Хипотиреоидизам или забавена работа на тироидната жлезда, доведува до забавување на метаболизмот, а често е пропратено со ладни екстремитети или чуство на студенило. Замор, летаргија, поспаност, забавен говор и движење, како и неподнесување на високи температури се јасни симптоми на ова пореметување.

Стрес

Стресот исто така може да биде причинител на ладни раце и нозе. Тој го зголемува адреналинот, хормон кој се произведува во надбубрежните жлезди, кој ги стеснува крвните садови, па циркулацијата е слаба, а рацете и нозете се ладни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top