Квиноја почна да се одгледува пред 3-4.000 години на подрачјето на Андите, а сега дојде време за нејзино враќање во голем стил
Квиноја се смета за една од најздравите храни на сите времиња па не е чудо што 2013. беше прогласена за меѓународна година на квиноја. Но, и покрај тоа овој супер продукт е непознат за многумина.
За почеток, иако се вари како житарките, квиноја не е житарка и не се јаде како житарка, таа повеќе им е слична на спанаќот, блитвата, репката и цвеклото. Делот кој се јаде се семките кои се варат како оризот и нема глутен.
А во што е нејзината тајна? Квинојата е единствен извор протеини, поточно ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини. Тоа е причината поради која квинојата ја нарекуваат комплетен извор на белковини.
Постојат над 100 видови квиноја, а најкомерцијалниот вид е белата, црвената и црната квиноја.
Пред подготовката најдобро е добро да се измие за да нема горчлив вкус, советува huffingtonpost.com.