Home / бабини рецепти / Корисни рецепти од кантарион кои секојдневно ќе ви бидат од помош

Корисни рецепти од кантарион кои секојдневно ќе ви бидат од помош

Ова магично растение расте во висина од 60 см, има специфичен мирис, горчлив вкус, и богато е со железо, етерично масло, смола, каротин и витамин Ц.

Кантарионот (Hipericum perforatum L.) е повеќегодишна билка со жолти цветови која расте насекаде низ ливадите и планинските падини на европскиот континент и е исто така присутна на нашето поднебје.

KANTARION

Кантарионот содржи многубројни лековити состојки: етерични масла, јагленохидрати, белковини, пектинска и миристинска киселина, витамин Ц, танини (9-11%), смола, антоцијанини, хиперфорин и хиперицин кои му ја даваат црвената боја на неговиот сок, каротен, биофлавоноиди, холин, фитосерин и трагови од алкалоиди.

Кантарионот содржи и мелатонин, хормон кој се лачи во организмот при заспивање и е потребен за одржување на сонот (на овој начин кантарионот делува против несоница и помага за опуштање на организмот и емоционална добросостојба).

При внатрешна употреба, кантарионот делува на слузокожата на желудникот и помага во секрецијата на желудочниот сок и го олеснува варењето на храната.Тој исто така помага при стомачни грчеви, надуеност, хемороиди, ги ублажува болките при гастритис и помага при санирањето на чирот на желудникот и дванаесетпалачното црево. Оваа билка се користи и за третман на заболувања на респираторниот тракт како што се бронхитис, хронична кашлица, продуктивна кашлица, астма, бубрежни заболувања и воспаленија на мочниот меур, за подобрување на функцијата на црниот дроб и жолчката и сл.Оваа медицинска билка е позната по своите антибактериски, антивирални, антипаразитни, антивоспалителни и аналгетски дејства.

Масло за рани и изгореници

Четири лажици цветови од кантарион, ставете во тегла да стојат еден ден, да овенат малку. Потоа прелијте ги со еден литар маслиново масло, затворете ја теглата и оставете да стои шест недели. Со маслото премачкајте ги раните, осипот, изгорениците, хемороидите.

Вино за подобро варење

40 гр. цветови од кантарион се прелива со еден литар квалитетно бело вино и се остава да стои во топло место еден месец. Потоа исцедете го и пијте две чаши на ден пред јадење.

Чај за депресија

Измешајте еднаква количина на исушени цветови од кантарион и ајдучка трева,прелијте со 2 дл. врела вода и оставете го чајот да стои 10 минути. Пијте три пати на ден.

Чај за гастритис

Во 2 дл. врела вода ставете една лажичка исушени цветови од кантарион, покријте и оставете да стои 10-15 минути. Потоа исцедете и пијте три пати на ден, после јадење.

Масло од кантарион за рани и изгореници

Четири големи лажици цветови од кантерион ставете ги во тегла, и оставете два дена за цветовите да свенат. Потоа прелијте ги со едно литро маслиново масло и оставете да отстои 6 недели. Со ова масло можете да третирате рани, изгореници, па дури и хемороиди.

Кантарион и вино за подобро варење

Четириесет грама кантерион прелијте со еден литар бело вино. Оставете да отстои 30 дена на топло. По отстојувањето процедете и пијте по две мали чаши три пати дневно пред јадење.

Кантарион и ајдучка трева против депресија

Помешајте еднаква количина кантерион и ајдучка трева, прелијте со 200мл врела вода и оставете да отстои 10 минути. Овој чај пијте го три пати дневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top