Free songs
Home / аларм / Колку е штетен солариумот – ќе се забрани ли во Македонија

Колку е штетен солариумот – ќе се забрани ли во Македонија

Научниците од Универзитетот Стенфорд (Калифорнија, САД) анализирале 88 истражувања од Европа, САД и Австралија и откриле дека 35,7 проценти од возрасните, 55 проценти од учениците, односно 19,3 отсто од младите луѓе го користат вештачкото сончање. Врз основа на истражувањата од различни податоци, експертите утврдиле дека глобалниот ризик од рак на кожата поврзан со солариуми е поомеѓу три и 21,8 проценти.

solariumАвстралија ја забрани комерцијална употреба на солариуми во обид да се намали стапката на заболени од рак на кожата.Со тоа стана е првата држава во светот која ги забрани. Одлуката е донесена откако сојузните држави Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија, Тасманија презедоа чекори за да намалат или забранат користење солариуми

Солариумот за малолетници е забранет во неколку американски држави, во повеќето европски држави, а од минатата година и во Црна Гора. Во Србија веќе се започнати стручни дебати на оваа тема. Во Бразил, пак, целосно е забранета употребата на солариумот. Во Македонија се уште нема официјална иницијатива, но во Министерството за здравство веќе во неколкунаврати говореа дека се размислува на оваа тема.

Законската граница на зрачењето во солариумите е 0,3 вати на метар квадратен, што одговара на јачината на сончевите зраци во летно попладне во Шпанија. Седум од 10 солариуми кои ги тестирале инспектори во Велика Британија покажале опасно високо ниво на УВ зрачење, што предизвикало построги прописи во индустријата.

Од 448 солариуми тестирани во изминатите две години, дури 310 не ги исполниле безбедносните стандарди.

Истражувањето на Универзитетот Данди покажа дека некои солариуми емитуваат УВ зрачење шестпати посилно од летното сонце во Шпанија, а минатата година експертите од Меѓународниот институт за превентивни истражувања и Европскиот институт за онкологија утврдиле дека ракот на кожа (меланом) може директно да се поврзе со користењето на солариуми, кои се одговорни за речиси 900 смртни случаи во Европа годишно.

Најголем ризик да заболат од меланом на кожа имаат лица кои многу често се изложуваат на сонце во текот на младоста и тие кои имаат повеќе од 50 младежи на телото, но и оние кај кои постои семејна анамнеза за тумор на кожата.

Научниците од Универзитетот Стенфорд (Калифорнија, САД) анализирале 88 истражувања од Европа, САД и Австралија и откриле дека 35,7 проценти од возрасните, 55 проценти од учениците, односно 19,3 отсто од младите луѓе го користат вештачкото сончање.

Врз основа на истражувањата од различни податоци, експертите утврдиле дека глобалниот ризик од рак на кожата поврзан со солариуми е поомеѓу три и 21,8 проценти.

„Не го препорачуваме, особено за малолетници. Истражувањата покажуваат дека ако малолетници до 16 години користат често солариум, ризикот за рак на кожа се зголемува дури и до 80 отсто. Изгорениците се најголем ризик за рак на кожата, а тука се вклучува и солариумот. Младите се ризична група бидејќи изгорениците во раната возраст носат најголем ризик. УВ зрачењето е исто така правопропорционално со нивото на ризик од рак на кожа. Во најризична категорија се кожата фототип 1, кај лица со многу светла кожа, руса или црвена коса, светлосини или светлозелени очи, и фототип 2 кај лица со светла кожа, светла коса и сини или кафени очи“, велат дерматолозите.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top