Home / природен лек / Кокосово масло за стрии, инфекции, дамки на кожа

Кокосово масло за стрии, инфекции, дамки на кожа

ИЗБЕЛУВАЊЕ НА ДАМКИТЕ ОД СТАРЕЕЊЕТО

Голем број постари жени го обожаваат ова масло за да ги покријат дамките по кожата настанати со стареењето.

Нанесете на местото, втријте го убаво и оставете да постои. Со редовно користење во текот на една или две седмици ќе видите постепено избелување.

Coconut and Flower on Plate --- Image by © Jamie Grill/CorbisЛЕКУВАЊЕ ГАБИЧНИ ИНФЕКЦИИ

Натопете го тампонот во кокосово масло и ставете го во вагината. После неколку часа ќе почувствувате намалување на симптомите од вашата габична инфекција.

ПРИРОДЕН ПРЕПРАРАТ ПРОТИВ ИНСЕКТИ

Ако помешате малку кокосово масло со нане или рузмарин ќе забележите драстично намалување на бубачките околу вас.

Овој природен препарат против инсекти не содржи штетни материи како оние кои ќе ги купите во маркетот.

СТИМУЛАЦИЈА НА РАСТОТ НА НОКТИТЕ

Ако сакате долги нокти, но тие постојано се кршат и лупат, решете го проблемот со нанесување на кокосово масло. Мала доза околу кутикулите ќе направи огромна разлика.

striiПРЕВЕНЦИЈА ОД СТРИИ

Со едноставно масирање со кокосово масло на ризичните места можете превентивно да делувате при појавата на стрии, па дури и малку да ги избледите оние кои веќе ги имате на телото. После неколку седмици ќе забележите резултати.

РАСПУКАНИ ВРВОВИ И СТИМУЛАЦИЈА НА РАСТОТ НА КОСАТА

Ставете малку масло на рацете, истријте за да се стопли и со прстите прочешлајте низ косата.

Концентрирајте се на краевите , но сепак ставете малку и во близина на корените за здрав скалп. На овој начин ќе се стимулира растот на косата, па ќе ги добиете долгите локни кои ги посакувате.

Оставете да постои еден час, а колку подолго, толку подобро, па би можеле дури и да спиете вака. Потоа измијте ја косата со нанесување шампон 2 пати за убаво да се исплакне маслото.

СРЕДСТВО ЗА ХИДРАТИЗАЦИЈА

Кокосовото масло има антимикробно, антигабично и антибактериско дејство, па покрај тоа што ќе ви помогне во борбата со акните, ќе ви го одржува лицето хидратизирано и свежо.

Само капка ќе направи кожата да ви сјае.

Notformen

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top