Home / аларм / Кока колата штетна за женските коски – поттикнува остеопороза

Кока колата штетна за женските коски – поттикнува остеопороза

Кај жените кои често пијат кока-кола постои поголем ризик од остеопороза, сметаат американските научници кои извршиле испитување на 2500 лица.

Coca-Cola-kostИстражувањето во кое учествувале машки и женски лица, покажало дека конзумирањето на кока-колата е поврзано со слабата густина на коскените маси кај жената, без оглед на нивните години, или пак дневното количество кое што го внесуваат во организмот. За разлика од жената, кај мажите не е забележана таква појава.

Во Велика Британија остеопорозата или позната уште како белест на коските, биле забележани кај повеќе од еден милион жени, а се претпоставува дека реалниот број на случаи е многу поголем.

Мажите вклучени во студијата пиеле пет чаши кока-кола неделно, додека жените една помалку. Научниците откриле дека конзумирањето на пијалокот се поврзани со пониската коскена минерална густина кај жените, тие откриле дека ниската БМД е забележана кај жените кои пиеле други пијаоци. Составот на кока-колата, фосфорната киселина, претпоставуваат научниците, би можела, делумно да биде причина за топењето на калциумот во коските.

300px-Coca-Cola_Glas_mit_Eis„Ние веруваме дека по конзумирањето на големи количини на кока-кола, фосфорната киселина содржана во прехранбрената создава кисела средина во крвта, што доведува до распаѓање на калциум во коските кои го нарушуваат општиот биланс“, изјавила Кетрин Такер, директорката на одделот по епидемиологија на Универзитеот во Бостон.

Таа ги советува жените, особено оние кои се изложени на ризик за остеопороза, да ја ограничат потрошувачката на кока-колата и да пијат повремено.
„Она што за нас научниците е интригантно во ова истражување е тоа што дека и кај жените кои во својот организам внеле доволно количина на калциум по пат на храна или таблети, истовремено конзумирајќи четири чаши кока-кола неделно е приметено негативено влијание на тој напиток на минералната густина на нивните коски“, вели докторката Такер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top