Вековната потрага по изворот на вечна младост, ги доведе истражувачите до нешто што ни сами не го очекуваа – црв од групата нематоди, кој кога нема храна може да се доведе во безвременска состојба и тогаш ни малку не старее!
Најновата студија за оваа појава сугерира дека резултатите од истражувањето еден ден можат да доведат и до производство на соодветен лек кој значително ќе го успори, односно ќе го одложи стареењето.
– Можно е дека нискокалорична диета влијае слично на нашиот организам, со тоа што не доведува до состојба на мирување – смета Дејвид Шервуд, професор на Универзитетот „Дјук“, кој го води истражувањето.
Според него, може да се најде начин со овој процес фармаколошки да се манипулира, така што корист за успорено стареење може да се има и без мачни диети и ограничена исхрана.
По гладување од две недели, ако повторно му се обезбеди храна, црвот продолжува нормално да се развива, но живее двапати повеќе од вообичаено.
Телеграф.мк