Home / алтернативна медицина / Кинеска медицина: Белите дробови реагираат на тагата, црниот дроб – бесот

Кинеска медицина: Белите дробови реагираат на тагата, црниот дроб – бесот

Според кинеската медицина, основни причини за заболувањата се емоциите, а секој орган има своја емоција

rak-beli-droboviЗемјата, огнот, водата, воздухот и металот се основните пет елементи за кои Кинезите веруваат дека ги има во секое човечко тело. Според нивните тврдења, потребно е да се одржува балансот на сите елементи за добро здравје. Доколку забележите дека имате рапав глас, тоа е најчесто причина дека имате ниско ниво на енергија во белите дробови. Црвените очи укажуваат на проблеми со црниот дроб, а жолтилото на лицето на недостиг на крв и на енергија во слезината. Не треба да се зачудите од фактот ако жената не може да остане бремена, за тоа да се виновни бубрезите.

Според кинеската медицина, основни причини за заболувањата се емоциите, а секој орган има своја емоција. За белите дробови се врзува тагата, за црниот дроб – бесот, за бубрезите – стравот, за желудникот – грижата. Секоја орган има и свој вкус. Така, белите дробови сакаат зачинето и луто, црниот дроб – кисело, слезината – благо, а бубрезите – солено. Органите, сметаат кинеските лекари, имаат и свој енергетски правец.

Енергијата се нарекува чи и зависи од крвта, па лекарите на кинеската медицина велат дека крвта е мајка на енергијата, а енергијата сопственик на крвта.

Бубрезите – централен орган на телото

bubregБубрезите во кинеската медицина се еден од најважните органи и претставуваат основа на јинг и јанг, како и енергетски центар на нашето тело. Врзани се со коскено-зглобниот систем, со слухот и со стравовите. Лекувањето на бубрезите влијае на сите овие системи. Во кинеската медицина секој орган е поврзан и со временските услови, така секое годишно време е поволно за некој од органите.

– Во црниот дроб живее ветерот, а тоа понекогаш е причина за главоболки, вртоглавици. Една од најзначајните функции на црниот дроб е обезбедување енергетска циркулација низ телото, но и свежи и бистри мисли. Луѓето со здрав црн дроб се смирени, лесно донесуваат одлуки и се добри лидери. Ако црниот дроб е во состојба на стагнација, опструкција, тогаш се смета дека има “оган”. Тоа е термин во кинеската медицина за тешкотиите на неговата функционалност. Нарушената работа на црниот дроб се рефлектира на влошување на физичката, но и на емотивната состојба, сметаат кинеските народни лекари.

Според нив, ваквата дисхармонија се поврзува со лутината, бесот, тврдоглавоста, насилството. Ако емоциите не се изразени, не се ослободуваме од нив, тогаш може да доведат до депресија или до често менување на расположението. Тогаш физичките последици се всушност дисхармонијата на работењето на црниот дроб.

– Најчести симптоми на овој синдром се менструалните проблеми, заморот, тензиите, вкочанетоста на телото и алергиите.

Dnevnik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top