Home / аларм / Ќе се воведе ред – Здравата храна ќе може да се рекламира само со дозвола

Ќе се воведе ред – Здравата храна ќе може да се рекламира само со дозвола

Производот содржи калциум, кој е добар за развој на децата, или омега-масни киселини, кои влијаат позитивно врз целиот организам. Реклами од ваков тип секојдневно среќаваме на храната што ја консумираме. Од 1 јануари следната година ниту една фирма нема да може да рекламира одредена нутритивна вредност на храната ниту, пак, да објавува дека го подобрува здравјето ако за тоа нема посебно одобрување од Агенцијата за храна, која ќе ги издава одобренијата за здравствени тврдења на храната.

etiketa deklaracija natural-health-products– Секоја фирма што има намера да рекламира дека одреден производ има позитивни влијанија врз здравјето на луѓето ќе мора да поднесе барање до комисијата, која ќе одреди дали таа реклама е соодветна за него. Ќе се разгледуваат здравствените тврдења, кои се однесуваат на намалување на ризикот од болест или за развој на децата и за нивното здравје. За да биде прифатено одредено барање, освен другата документација, производот мора да има и клиничка студија, која е доказ за рекламата – велат во Агенцијата за храна.

Kомисијата ќе ги прифаќа сите барања на фирмите што увезуваат ваква храна, а кои веќе имаат одобрување за продажба во Европската Унија. Но, ќе се издаваат и нови одобрувања на ваков вид храна, која е произведена надвор од Унијата и во земјава. Списокот со здравствените тврдења за одреден производ ќе се објавува постојано на веб-страницата на Агенцијата за храна, а ќе има и посебен список за поднесени и неодобрени тврдења.

Повеќе на следниот ЛИНК

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top