Сите луѓе кои имаат камен во бубрегот, страдањата би можеле да ги скратат на многу едноставен начин, и тоа по пат на народен лек кој многумина ги спасил од болки и тегоби кои со себе ги носи овој здравствен проблем.
Сепак, се чини дека ситуацијата може да се ублажи и реши, и тоа благодарение на народниот лек кој го решава овој здравствен проблем за само 10 дена. Во прашање е рецепт за природен лек кој се базира на житарката просо, кој се смета за магична во лекувањето камен во бубрегот, но и во спречувањето камења во урината и уринарниот тркат.
Ефикасно ги чисти бубрезите, го елиминира песокот и слузта, ги отстранува камењата од бубрегот и бешиката и лекува цистит.
Просото, имено, се смета за житарка која има многу лековити дејства и голема хранлива вредност, а доколку имате проблеми со бубрезите, еве еден рецепт од руската народна медицина кој може да ве излекува.
подготовка:
– Навечер, 200 грама просо измијте во топла вода.
– Ставете го просото во тегла од 3 литра и прелијте 2/3 од теглата со врела, зовриена вода.
– Поклопете ја, обвиткајте ја во нешто топло и оставете ја да преноќи. Наутро ќе забележите бела, матна течност во теглата. Токму тоа е вашиот лек.
– Излијте ја таа течност од теглата во друг сад. Пијте во текот на денот без ограничувања, во која било количина, кога и да посакате.
– Просото не го фрлајте. Сварете здрава каша (1 чаша просо, 3 чаши вода, се вари 15 минути) и изедете го за појадок.
Навечер пригответе нова порција за утредента, по истата постапка и правете го тоа секоја вечер во наредните 10-15 дена. По овој временски период каменот ќе се растопи и ќе излезе заедно со урината, а бубрезите ќе бидат исчистени од песокот, слузта и камењата. Истовремено, воспалението ќе биде елиминирано, а ткивото на бубрезите и органите на уринарниот тракт ќе бидат обновени.
Оваа житарка не е скапа и можете да ја најдете во сите продавници за здрава исхрана.