Home / Болести и лечење / Како се пренесува ЕБОЛА и кои се први симптоми

Како се пренесува ЕБОЛА и кои се први симптоми

Вирусот не се пренесува по воздушен пат, туку исклучиво преку директен контакт со крв или други телесни течности од заболени луѓе (плунка, урина, фецес) или поретко и преку загадени предмети од секрети од заболени лица.

Директен контакт значи крв или телесни течности од заразеното лице или неговото тело да дојде во контакт со очите, носот, устата или отворена рана на здрав човек. Луѓето исто така можат да се инфицираат од загадени површини и материјали, вклучувајќи и постелнина и облека.

ebolaБолеста може да се пренесува преку сексуален контакт, и тоа е можно и до седум недели по заразување со Ебола. Можно е, исто така, во контакт со крв и телесни течности на живи или мртви животни заразени со Ебола.

Што се телесни течности? – Крв, плунка, слуз, измет, пот, мајчиното млеко, урината и спермата.

Дали можеш да се заразиш со ебола преку кивање? – Можно е да се пренесе и преку кашлање и кивање, но научниците велат дека мала е веројатноста. Плунката или слузот би требало да влезат во очите, носот, устата или отворена рана за да се прошири болеста.

Болеста може да се добие преку директен контакт со крв и други телесни течности од диви животни, како што се мајмуните, шумски антилопи и лилјаци.

Кои се симптомите? – Највообичаените симптоми се високата температура, обично повисока од 38,6 степени Целзиусови. Други симптоми можат да бидат сериозните главоболки, дијареја, повраќање, болки во стомакот и при посериозни случаи внатрешно или надворешно крварење . Симптомите се појавуваат од 2-21 дена по изложеност. Дијагнозата се поставува преку откривање на вирус или антитела во крвта и телесните течности на инфицирани лица.

Симптомите се појавуваат помеѓу 2 и 21 ден од изложеноста на ебола, но најчесто помеѓу 8-миот и 10-тиот ден.

ebolaaДали се пренесува со комарци? – Не постојат докази кои би го потврдиле ова тврдење. Луѓето, лилјаците, мајмуните и горилата имаат способност да ја пренесуваат еболата, но моменталните докази укажуваат дека комарците и другите инсекти не можат да ја пренесат.

Дали се пренесува преку воздух? – Моментално не.

Експерименталниот лек Zmapp се употреби за да се третираат некои од пациентите, вклучувајќи ги и двајцата американски мисионери. За сега се’ уште е нејасно каква била улогата на лекот, како ни тоа дали воопшто ја има во процесот на заздравување на овие пациенти.

Во овој момент, разликата помеѓу животот и смртта кај пациентите заразени со ебола падна на основна интервенција: примање на доволна количина на течности, одржување на крвниот притрисок и намалување на ефектите на другите инфекции кои можат да го ослабнат имунолошкиот систем на телото.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

http://ec.europa.eu/health/preparedness_response/docs/ebola_infotravellers2014_hr.pdf

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top