Home / Болести и лечење / Како природно да го отстраните масното ткиво?

Како природно да го отстраните масното ткиво?

Масното ткиво е израсток на кожата кој може да се појави каде било на телото, а се состои од наталожени масни келии. Претежно претставува само естетски проблем кој не му штети на вашето здравје. Масното ткиво настанува без да го забележиме и без болка, освен во одредени случаи кога настанува липом. Најчесто се појавува кај лицата постари од 40 години, но нема правило, така што може да се јави дури и кај деца. Често се појавува на главата, на рацете, на грбот, вратот, нозете и на други делови од телото. Докторите советуваат масното ткиво да се отстрани по хируршки пат, што е рутинска операција и не трае подолго од половина час. Но, за оние кои не сакаат да легнат под скалпер, нудиме 4 рецепти за природно лечење кои би помогнале во повеќето случаи.

doctor inspecting woman patient skin1. Брашно и мед

Овој рецепт им помогнал на многу луѓе да го отстранат своето масно ткиво. Од брашно и мед направете смеса со дебелина од 1 см и големина потребна да се прекрие целото масно ткиво. Добиената смеса не треба да биде премногу леплива. Нанесете ја мешавината на масното ткиво и врз неа ставете хартиено марамче или газа за да не ви се лепи на облеката. Држете ја смесата на телото 36 часа, а потоа направете нова и повторно ставете ја на масното ткиво. После 7 дена, ткивото би требало да прсне и да истече насобраниот гној.

2. Нека ве касне пчела

Оваа метода е многу едноставна. Потребно е само да ве касне пчела, два пати на тоа место и после 7 дена масното ткиво би требало да го снема. Фатете ги пчелите со пинцета, насочете ги така за да гледаат со боцката кон масното ткиво и дозволете им да ве каснат. Ваквиот бодеж нема да биде болен како што вообичаено боли кога ќе ве касне пчела.

3. Прополис

Нанесете прополис на проблематичното место и повторувајте ја постапката неколку дена.

4. Жолчка и сол

Оваа метода ја испробала жена која на овој начин го отстранила ткивото после 2-3 дена. Измешајте една жолчка со 2 лажици сол и со таквата смеса намачкајте го масното ткиво. Добро втривајте на местото 3-4 пати на ден.

Kafepauza.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top