– Таблетите за контрацепција и кондомите се најдобриот начин да се избегне бременоста. Но доколку кондомот испадне во текот на односот неговата заштитна моќ се намалува за дури 20 проценти, а доколку заборавите да се напиете таблета можностите за заштита се намалуваат за 15 отсто.
Тврдење 2: Не можам да останам бремена доколку имам односи за време на менструација?!
– Тоа скоро во целост е вистина. Само кај два проценти од случаите се случува жена да забремени на почетокот или на крајот од менструацијата.
Тврдење 4: Доењето ме штити од бременост?!
– Овулацијата и менструацијата нема да се случуваат додека доите, но тоа не е трајно. На крај менструацијата ќе ви се врати, а пред тоа сигурно ќе постои овулација, а за тоа нема да знаете. Така, сепак можете да забремените додека доите.
Тврдење 3: Не можам да забременам кога имам однос по прв пат?!
– Доколку имате односи додека овулирате секогаш можете да забремените. Дознајте повеќе за вашиот менструален циклус и користете заштита.
Тврдење 5: Секогаш ејакулира надвор, па нема да забременам?!
– Машкиот полов орган создава течност пред ејакулацијата која се нарекува преспермална секреција која содржи сперма.
Ако тој не е внимателен течноста може да остане во вагината.
Овој метод на „заштита“ спречува несакана бременост помалку од 30 проценти кај случаите.