Home / природен лек / Како да се ослободите од потемнетите колена и лакти

Како да се ослободите од потемнетите колена и лакти

Потемнатата кожа на лактите и колената настанува од здебелената и мртва кожа како резултат од изложеноста на сонце, триење, притисок.

Тие мртви клетки на кожата ги прават лактите и колената потемни од остатокот од телото. Кога работиме на маса, обично се потпираме на лактите. Ова ги прави тие места потемни, и за жените е многу засрамувачки кога носат кратки здолништа, или фустан со кратки ракави.

kolena potemnetiКако да се ослободите од црните колена или лакти на природен начин:

Лосион со заштитен фактор: Лосионите за сончање се многу корисни во ослободувањето на црните колена и лакти. Секогаш нанесете лосион за сончање кога излегувате надвор. Ќе ви помогне да ја заштити вашата кожа од лошите УВ зраци кои ја прават кожата потемна.

Шеќер и маслоново масло: Измешајте еднаква количина на шеќер и маслиново масло за да добиете густа смеса. Ексфолирајте ја кожата на колената и лактите со оваа смеса и измијте со благ сапун и вода.

Алое вера гел: Алое вера има свој идентитет во третманите за кожа. Алое вера гелот помага да се намалат темните дамки предизвикани од изложеност на сонцето. Нанесете алое вера гел и оставете го 30 минути. Ќе ви даде свеж изглед на вашите колена и лакти.

Хидроген пероксид: Хидроген пероксид ќе ви помогне да ги намалите темните места и штетата од преголемата изложеност на сонце. Нанесете разреден хидроген пероксид користејќи памук и масирајте го местото 10-15 минути. Ќе забележите дека темната кожа се вади.

Лимон: Лимонот помага во осветлувањето на вашата кожа. Нанесете сок од лимон на вашите темнии колена и лакти и оставете 40-50 минути, а потоа измијте со вода. Повторете го ова дневно за забележливи резултати.

Куркума, мед и млеко: Куркумата е добро позната по своите антисептички својства. Медот помага во навлажнувањето на сувата кожа и млекото делува како избелувач. Измешајте куркума во прав со млеко и мед за да создадете паста. Измијте со вода. Овие природни состојки ќе помогнат да се намалат темните места.

Бадеми: Бадемите се богат извор на витамин Е, кој помага во отстранувањето на темната кожа. Направете густа смеса од бадеми и тријте ги лактите и колената со неа. Тоа ќе помогне да ги отстраните мртвите клетки од кожата.

Неколку важни совети:

Нанесете кокосово масло пред да легнување за да ги намалите темните дамки (измијте ги колената и лактите пред нанесување).

Никогаш не заборавајте да ги хидратирате лактите и колената (несоодветна хидратација предизвикува потемнување на кожата).

Ексфолирајте ги колената со пезма (шуплив камен од вулканска лава).

Може да користите креми за белеење на кожата (консултирајте се со дерматолог за која).

Правилната исхрана исто така е многу важна. Јадете повеќе храна со витамин А и Е, како што е компирот, бадемот, спанаќот, моркови, суви кајсии, зелена салата итн…

365.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top