Home / Болести и лечење / Како да се опоравите од стресот кој го носат природните катастрофи

Како да се опоравите од стресот кој го носат природните катастрофи

Опоравувањето од вакви природни катастрофи е долг и постепен процес. Потребно е многу време за да се отстранат сите урнатини и за да се поправи настанатата штета, но за емоционално опоравување за жал е потребен уште поголем временски период.

poplavi depresijaДури и ако не сте директно загрозени од поплавите, нормално е да се чувствувате анксиозно, уплашено и несигурно од тоа што ни го носи иднината. Тоа е токму затоа што секое вакво случување го руши чувството на сигурност и прави да се чувствуваме беспомошно и ранливо во светот на опасностите.

На порталот HelpGuide.com се наведува што се’ можете да направите како би сте си помогнале себе си’ и на своите најблиски за што полесно да преминете преку стресот кој го носат ваквите трауматични случувања.

Побарајте утеха и поддршка – За да го вратите срушеното чувство на сигурност, потрудете се да направите што е можно повеќе напор за да си помогнете себе си и на своето семејство. Дури и најмалите чекори во тој правец можат да направат голема разлика.

После природните катастрофи, што е можно побрзо, важно е да се вратите на својата рутина. Тоа ќе ви помогне да го намалите стресот и анксиозноста. Дури и ако не се враќате уште долг временски период на училиште и работа, вашите дневни активни активности како што се спиењето, јадењето и времето поминато со најблиските нека биде во иста мера и на ист начин како што било и претходно.

UntitledlklkiТрауматичните случувања ве тераат да се повлечете во себе, но од исклучително голема важност е да останете во редовен контакт со останатите луѓе, особено со најблиските. Поддршката на другите луѓе е неопходна за опоравување од целиот стрес, па затоа потпрете се на блискитe пријатели и членовите од семејството, како и сите хумани луѓе кои се покрај вас во овие тешки моменти. Разговарајте со луѓето кои се соочуваат со истите трауматични моменти во нивните животи и вклучете се во заеднички работни акции кои ги организира вашата општина

Вo вакви моменти е важно за цело време да се потсетувате дека мора да имате сила и неопходни вештини кои ќе ви помогнат да преминете преку се’. Животот е еден, но е многу вреден, па затоа мора да се избориме со сите негови препреки!

Намалете ја изложеноста на медиумите – Заштитете се себе си и своите сакани од дополнителни трауми и потсетувања за целата ситуцаија која се случила.

UntitleddghfНекои луѓе со редовно следење на медиумите враќаат дел од контролата над состојбата, додека за други тоа е навистина вознемирувачко. За да не доживувате дополнителна траума, потрудете се помалку да гледате телевизија, а повеќе да читате весници и дневен печат бидејќи видео материјалите се далеку повеќе вознемирувачки, па така ќе ги заштитите и своите деца од информации кои навистина за нив не се од неопходна важност.

Признајте ги и прифатете ги своите емоции – Дајте си време за да се опоравите и да ги прежалите губитоците кои сте ги доживеале. Бидете трпеливи со опоравувањето, не форсирате ги емоциите за да се чувствувате добро, ако тоа навистина така не го чувствувате во вашето срце. Не осудувајте и не се обвинувајте себе си поради емоциите кои ве обземаат, туку пронајдете некој со кого ќе ја споделите својата тага и жалост. Луѓето треба да се сплотат колку во среќните, уште повеќе и во тажните моменти.

Намалувањето на стресот нека биде приоритет – После трауматичните случувања сите се под стрес. Одредена количина на стрес е сепак нормална, но преголемиот стрес ќе застане точно на патот на вашето опоравување. Строго запомнете дека опуштањето е неопходност, но не и луксуз. Одморот и опуштањето ќе му помогнат како на вашето ментално, така и на вашето психичко здравје.

poplavi srbija 2Проблемите со спиењето се едни од најчестите последици кај ваквите состојби. Грижите и стравовите знаат да не држат будни до доцните вечерни и рани утрински часови. Потрудете се да ја пронајдете вистинската стратегија која ќе ви помогне барем на неколку часа да ги затворите очите и да одморите.

Помогнете им на своите деца да се соочат со стресот – После ваквите катастрофи од исклучиво голема важност е да им се даде најголема поддршка на децата. Погрижете се вашето дете да ја почувствува слободата да може да ве праша за се’ што го интересира и со вас да ги сподели сите чувства.

Важно е да бидете искрени со децата, но информациите да ги прилагодите на нивната возраст. Не велете дека се’ е во ред ако тоа навистина не е така и не давајте им лажни ветувања кои не можете да ги исполните.

Хуманоста пред се’ – За сите нас кои ги следиме овие катастрофи преку медиумите сето ова е исто толку стресно, но не е ниту најмалку во онаа мера како што е за директно погодените. Разбудете ја хуманоста и отворете го срцето за поддршка! Не го вртете грбот и не ги препуштајте работите на другите луѓе. Можеби секој еден од нас кој ќе направи барем мал удел со минимална помош ќе биде од големо значење за оној кому му е најпотребна таа помош.

Секој од нас може да одвои од своите секојдневни комодитети за некој друг да се потруди барем малку нормално да живее. Токму во ваквите моменти треба да покажеме и докажеме дека сме луѓе во вистинска смисла на зборот и да ја пружиме нашата несебична поддршка и љубов. Потрудете се да се ставите во улогата на било кој настрадан човек за да сфатите колку е важна меѓусебната помош во моменти на природни катастрофи. Затоа, пружете ја вашата рака и помогнете, сечија помош е добредојдена!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top