Во летните месеци се почесто се потиме, а тоа за жал создава непријатни мириси, особено кога станува збор за чевлите. Постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да ги отстраните непријатните миризби од чевлите или барем да ги сведете на минимум.
Сода бикарбона
Овој трик го користеле и нашите баби, а сигурно функционира. Кога ќе дојдете дома и ќе ги соблечете чевлите, посипете ги со сода бикарбона. Оставете содата да елува преку ноќта, а наутро едноставно свртете ги чевлите и ослободете се од вишокот сода бикарбона.
Замрзнете ги чевлите
Овој наизглед необичен трик одлично ги отстранува непријатните миризби. Исчистете ги чевлите и ставете ги во пластична кеса, добро затворете ја кесата и ставете ја во замрзнувач. По неколку часа може да ги извадите чевлите и да се уверите дека непријатната миризба исчезнала.
Зрна кафе
Кафето одлично ги впива непријатните миризби па може да помогне да ја отстраните миризбата од чевлите. Неколку зрна кафе ставете ги во чевлите и нека постојат неколку часа. Тие ќе го упијат непријатниот мирис.