Free songs
Home / Болести и лечење / Како да го намалите ризикот од настанување камен во бубрегот?

Како да го намалите ризикот од настанување камен во бубрегот?

Пациентите кои имале камен во бубрегот имаат 70 отсто поголем ризик од неговото повторно создавање. За да се намали ризикот потребно е да се придржуваат на некои поедноставни правила.

kamen-vo-bubreg1385499481_thumb_medium490_0Имајќи предвид дека еден од ризичните фактори за настанување на камен во бубрегот е начинот на исхраната и недоволниот венс на течности, односно состојбата на дехидратација (губиток на течности од организмот), се препорачува консумирање повеќе течности – негазирана вода, чај од брусница, лимонада, уролошки чаеви.

– дневната количина излачена урина треба да изнесува повеќе од 2 литра

– не треба да се пие сок од грејпфрут, бидејќи тој го поттикнува создавањето камен

– пациентите кои имаат камен составен од калциум оксалат во исхраната би требало да избегнуваат спанаќ, зелје, зелена салата, грашок, боранија, цвекло

– кај фосфатните камења треба да се избегнува риба, жолчка, млеко и млечни производи, а кај уратните камења – црвено месо, грашок, боранија, грав, бадеми, кикиритки и печурки

– сите пациенти кои имаат камења во бубрезите треба да избегнуваат сол во исхраната.

PlusInfo

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top