Пациентите кои имале камен во бубрегот имаат 70 отсто поголем ризик од неговото повторно создавање. За да се намали ризикот потребно е да се придржуваат на некои поедноставни правила.
Имајќи предвид дека еден од ризичните фактори за настанување на камен во бубрегот е начинот на исхраната и недоволниот венс на течности, односно состојбата на дехидратација (губиток на течности од организмот), се препорачува консумирање повеќе течности – негазирана вода, чај од брусница, лимонада, уролошки чаеви.
– дневната количина излачена урина треба да изнесува повеќе од 2 литра
– не треба да се пие сок од грејпфрут, бидејќи тој го поттикнува создавањето камен
– пациентите кои имаат камен составен од калциум оксалат во исхраната би требало да избегнуваат спанаќ, зелје, зелена салата, грашок, боранија, цвекло
– кај фосфатните камења треба да се избегнува риба, жолчка, млеко и млечни производи, а кај уратните камења – црвено месо, грашок, боранија, грав, бадеми, кикиритки и печурки
– сите пациенти кои имаат камења во бубрезите треба да избегнуваат сол во исхраната.
PlusInfo