Црниот дроб е како прочистувач на едно тело. Од таа причина морате да знаете како да го одржувате здрав, бидејки од неговото здравје зависи и вашето целокупно здравје.
Би требало да пиете барем две литра вода дневно, да дишете длабоко и да сте опуштени. Исто така, би требало да се туширате 3 минути со топла вода, а веднаш потоа 30 секунди со ладна вода, бидејки тоа го одржува крвниот притисок и прави мал детокс. Освен овие совети, внимателно прочитајте каква храна би требало да конзумирате за природен начин да го одржувате црниот дроб здрав.
Топла вода со лимон – Одличен начин за детокс. Ова би требало да ви постане рутина, секое утро да пиете малку топла вода со лимон. Не е во прашање лимонада и затоа немојте да додавате шеќер.
Лук – Додајте малку лук при готвење, или исецкајте една главица во порција салата. Лукот е одличен бидејки ги активира ензимите и црнодробниот природен штит.
Зелен чај – Тој го испира и чисти дробот од токсини, штити од метеж, а овој орган е со зелениот чај во полна функција.
Авокадо – Јапанските експерти откриле дека авокадото содржи соединување кое црниот дроб го штити од оштетување.
Магдонос – Ова можете да го додадете скоро во сите јадења, а ги отстранува тешките метали кои значително ја олеснува работата на црниот дроб.
Runway.mk