Home / Болести и лечење / Како да ги препознаете и лечите вагиналните инфекции на природен начин

Како да ги препознаете и лечите вагиналните инфекции на природен начин

Вагиналните габични инфекции се упорен здравствен проблем кој ги погодува жените без оглед на возраста или контрацепцијата која ја користат. Се јавуваат како последица од употреба на антибиотици, носење на мокри костими за капење, па дури и како контра ефект од претераната хигиена.

Најчестиот претставник на овие инфекции е кандидата, тип на габа која предизвикува инфекции на кожата, ноктите и интимната зона која се карактеризира со воспаление на уринарниот тракт, но и со проблеми при варењето и претеран замор.

bolki stomakОваа инфекција погодува дури 75% од жените, а се забележува преку непријатното чувство на чешање, црвенило, обилен секрет, понекогаш дури и отоци.

Како се развиваат габите?

– Користење на антибиотици кои ја нарушуваат рамнотежата помеѓу добрите и лоши бактерии и pH вредноста на слузокожата.

– Исхрана богата со јаглени хидрати, со кои се хранат габите.

– Консумирање на алкохол кој при варењето се претвора во шеќер и повторно ги храни габите.

– Стресен начин на живот и недостаток на сон.

– Носење мокри костими за капење, затоа што габите се размножуваат во влажна средина.

– Нередовна исхрана и консумирање на кисела храна

– Носете претесна облека (фармерки и танга гаќички во кои телото не диши)

– Секојдневно користење на влошки и тампони

– Бременост и дијабетес

– Перење на долната облека на температура пониска од 60 степени

За среќа, постојат и природни лекови за овој проблем. Ова се едни од најефикасните:

Засиленото консумирање на лук делува како природен лек против габите и бактериите заради витамините и маслата кои ги содржи.

lukЛукот исто така може и да се користи како вагиналета – исчистен и замотан во чиста газа. Дел од газата се остава надвор за да можете полесно да го извадите.

Терапијата со бел лук се спроведува додека симптомите не се повлечат.

Јогуртот и другите пробиотици се полни со добри бактерии, па затоа при појавата на габична инфекција задолжително пијте по половина литар јогурт.

Исто така можете да го нанесете и директно на раздразнетата слузокожа. Оставете го да делува 10 минути, а потоа отстранете го со млака вода.

KANTARION

Етеричното масло од кантарион може да ги победи габите, но притоа треба да внимавате на квалитетот за да не дојде до алергиски реакции.

Капнете еколку капки специјализирано масло на тампон и користете го како вагиналета. Уште подобро решение се билните вагиналите кои се купуваат во аптеките.

Сода бикарбоната постигнува алкална средина во организмот, во која габите потешко се размножуваат.

Можете да подготвите смеса д 2 литри зовриена вода со 2 лажици сода бикарбона и да ја користите за секојдневно измивање, освен во периодот на менструација.

CrnoBelo.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top