Home / природен лек / Какаото го чува здравјето

Какаото го чува здравјето

Секојдневното внесување на разни производи од какао позитивно влиаје на здравјето, а пред се во намалување на крвниот притисок.

Ова го покажа истражувањето на стари лица во Холандија кои секојдневно консумирале чоколада,чоколадни пудинзи,чоколадни пијалаци и слични производи од какао..

kakao1382391402_thumb_medium490_0Изготвената студија досега претставува најсилен доказ за позитивното здравствено дејство на какаото кој е богат извор на флаванол за кое се смета дека влијае на еластичноста на артериите и вените.

Во прилог на ова тврдење научниците истакнаа дека жените кои три месеци пиеле шоља какао богато со антиоксиданси добиле понежна,повлажна и затегната кожа.

Научните истражувања потврдија дека какаото го поттикнува мозокот на создавање ендофрин,кој доведува до опуштање,отстранување на стресот и ублажување на болките. Тука воедно лежи одговорот зошто депресивните луѓе јадат чоколада во огромни количини.

Зрната од какао содржат маснотии,јаглени хидрати и протеини. Докажано е дека со секојдневно консумирање на 22 гр какао прав значително се намалува таложењето на лошиот холестерол на ѕидовите на крвните садови. Содржат и бакар кој го поттикнува развојот на сврзувачкото ткиво  многу е важен за нервниот систем.

Од друга страна истражувањето спроведено во Велика Британија покажува дека какаото штити од срцеви болести и мозочен удар. Дневната шоља какао го спречува настанувањето на тромб,односно крвното згрутчување кое доколку стигне до срцето или мозокот може да предизвика инфаркт.

Duma.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top