Free songs
Home / природен лек / Јагликата (игличката), билка за отклонување на страв и хистерија

Јагликата (игличката), билка за отклонување на страв и хистерија

Јагликата (игличката) е повеќегодишно растение со кус корен и повеќе разграноци. Стеблата се прави и тенки, високи од 5 -35  см, во основата се голи, а нагоре влакнесто се згуснуваат. Листовите им се прости, јајцевидни, неправилно назабени по работ. Се берат и собираат во текот на цветањето во месец март, април и мај. Коренот се откопува во есен и пролет на чисти места, мора добро да се исчисти, измие и иситни.

jaglika-300x225Јагликата од најстари времиња се користи како многу добар лек за лекување на дишните патишта при белодробни заболувања. Јагликата истовремено на белите дробови делува бронходелататорно, односно е спазмолитик кој го олеснува дишењето, ги намалува стегањата во градите и грчевите. Цветот од јаглика во народната медицина се користи како лек за подобрување на емотивната функција и заболувањата на централниот нервен систем и тоа при несоница, за смирување, отклонување на страв и хистерија. Во народната медицина од коренот се припремаат лекови кои се користат при воспаленија на мочните патишта и тоа при тешко мокрење, бубрежни воспаленија, за подобрувањена диурезата, а долготрајната примена доведува до намалување на крвниот притисок. Листот е здрава храна богата со витамин Ц и може да се користи како свежа салата.

ДОЗИРАЊЕ – Коренот се користи 3-4 пати дневно од 0,3 – 0,5 г. Цветот 3 пати дневно по 1-2 гр. Лековите од јаглика се земаат исклучиво по јадење и мора да се внимава на дозите, бидејќи ако се предозира може да дојде до повраќање и проливи. Најпознат лек од игличките е сирупот. Од нив се прави и чај.

ЧАЈ – 1 мала лажица корен се става со 300 мл вода, врие 10 мин, се процедува и се пие трипати дневно по 100 мл. Тоа е од коренот на јагликата. Од цветот, чајот се припрема  со 1 лажица цвет кој се прелива со чаша врела вода, кисне 2 часа, се процедува и пие 3-4 пати по 100 мл.

ПРЕТПАЗЛИВОСТ – Во текот на бременост и доење не треба да се користи коренот, туку само цветот од игличката.

MoeZdravje.mk

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top