Home / природен лек / Јаболката ви го чува животот и здравјето

Јаболката ви го чува животот и здравјето

Бидејќи сезоната на јаболките е скоро целогодишна, тие ни се достапни на секој пазар за не така висока цена. Јаболките се меѓу најраспространитите видови на овошје. Тие имаат освежителен, кисело-сладок вкус и посебна арома. Постојат бројни сорти на јаболки (околу 10 000 сорти),

luspa kora jabolkoНутриционистите предлагаат годишно да изедеме барем 30 до 40 килограми јаболки, а оние лица кои се хранат правилно, јадат и уште повеќе.Тоа во слободен превод значи, едно јаболко на ден, го држи докторот подалеку од нас.

Јаболката го олеснува варењето на храната, а содржи бројни корисни материи кои го стимулираат одбрамбениот систем на телото, го оневозможуваат таложењето на мастите во црниот дроб и штитат од рак.

Плодот содржи покрај вода, шеќери, пектини, витамин А, Б и Ц, уште и органски киселни како што се: јаболковата, лимоновата, мравјата и карбонската киселина.

За разлика од другите видови на овошје, јаболките лесно се чуваат, можат долго време да сечуваат во складишта, па затоа свежи можат да се јадат во текот на целата година. Свежата јаболка содржи доста пектини, кои во организмот ги впиваат водата и отровните продукти во цревата. На тој начин јаболкото ги отстранува отровите од организмот.

Јаболката во бројки

Вредности на RDA (Recommended Dietary Allowance – препорачани диететски потреби), изразени на 100 g:

енергија …………………………. 56 kcal
вода (%) ………………………….. 85
протеини (%) ……………………. 0.2
масти (%) …………………………. 0.6
јагленохидрати (%) …………….. 14
влакна (%) ………………………… 1

Од витамините кои се присутни во јаболкото треба да ги истакнеме: витамините А, Б1, Б2, нијацин, витамин Ц. Од минерали, јаболкото најмногу содржи калиум и фосфор, а содржи во помали количини и железо и калциум.
Еден килограм јаболки има 600 калории, колку што има калории и во едно литро млеко.

Јаболката се разградува во желудникот за 15-20 минути. Ако се јаде во комбинација со друга храна во желудникот, таа се задржува и по неколку часа, па затоа се препорачува да се јаде пола час пред главниот оброк или неколку часа по оброкот.

Јаболкото во диетите

Со јаболкото е многу полесно да се издржи диетата, бидејќи тоа содржи пектин, кој набабрува и ствара чувство на заситеност.
Новите истражувања покажувааат дека танинската киселина . Со јаболкото се внесува многу вода (што е и пожелно при редукционите диети), се внесуваат и потребните витамини, минерали и влакна.

Влакната помагаат во регулирањето на столицата и даваат чувство на ситост, а исто така, го зголемуваат и лачењето на мочката.
Две делотворни материи во јаболкото помагаат во намалувањето на нивото на холестеролот во крвта, а тоа се: пектинот и танинот.

Пектинот е резултат на зреењето на плодот, лесно се раствара во вода, еластичен е, цврст и ствара гел. Набубрувајќи, пектинот го „заробува“ во својата мрежа холестеролот и го исфрла од организмот, со што не дозволува да се холестеролот апсорбира во крвта.

Јаболковиот оцет се применува во традиционалната медиција поради големите количини на калиум, клучен минерал неоходен за здравјето на организмот.

Важноста на калиумот е во тоа што ги врзува другите корисни минерали: фосфор, магнезиум, калциум, сулфур, железо, флуор, а во помала мерка и другите минерали. Јаболковиот сок се консумира во разни комбинации, најчесто со мед и вода.

Начини на консумирање на јаболкото

Јаболкото најчесто се јаде сирово, свежо, но може и да се пече, да се вари, суши, преработува во сокови, во мармалад, во џем, во желе, а од него може да се направи и многу ценетиот и здрав јаболков оцет.

Кората на јаболкото е здрава и корисна, но само доколку не се јаболките прскани со заштитни средства. Доколку не се знае потеклото на јаболкото, подобро е тоа да се излупи.Јаболкото помага во спречувањето на кариесот дури многу подобро од миењето на забите.

Така со миењето на забите уништуваме 60% од бактериите во устата, а со јадење на јаболко дури 90%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top