Home / нови лекови / Измислен „чадор“ со кој се спречува мозочен удар

Измислен „чадор“ со кој се спречува мозочен удар

„Чадорот“ за спречување мозочен удар е создаден од страна на научниците од Институтот за физика на издржливост и истражување на материјалите и новосибирската компанија „Ангиолајн“. Предклиничките тестирања се веќе завршени во Научно-истражувачкиот институт за кардиологија во Томск, пишува порталот Руска реч.

simptomi-mozocen-udar-23„Всушност чадорчето е механичка препрека која го изолира залистокот на левата преткомора од срцето, со цел да го спречи минувањето на тромбоцитите, – појаснува за ‘Руска реч на македонски’ Андреј Кудрјашов, директор на компанијата ‘Ангиолајн’ – Нашата разработка се разликува од останатите слични аналози што постојат во светот по тоа што ние користиме ткаена, односно трикотажна мембрана, на која се таложат тромбоцитите“.

Самиот уред е направен од никелаид на титан. Во ладна состојба тој се стега и добива форма на катетер. Тој се воведува во пределот на срцето преку вена со помош на пункција под рендген-контрола. Во организмот чадорот се загрева, се отвора и го затвора делот на залистокот од левата преткомора.

Според Кудрјашов, цената на увозните производи слични на овој на рускиот пазар изнесува повеќе од 8 илјади американски долари. „Нашата разработка е петпати поевтина“, изјавува тој за „Руска реч на македонски“. Во моментов уредот се наоѓа во процес на регистрација. Откако уредот ќе биде тестиран во Русија, конструкторите се подготвени да го претстават на странските пазари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top