Home / алтернативна медицина / Измерете се и дознајте колку ќе живеете

Измерете се и дознајте колку ќе живеете

Според најновите истражувања спроведени во Лондон, тамошните научници тврдат дека најдобар индикатор за должината на животот е обемот на половината.

Како што велат тие, жените кои се високи 160 сантиметри треба да имаат обем на половината од 80 сантиметри. Доколку обемот на половината во однос на висината е поголем, се скратува должината на животот.

tezina stomak dietaНаучниците собрале податоци од 300.000 луѓе и дошле до заклучок дека обемот на половината треба да изнесува половина од висината на човекот. Тоа значи дека мажот со висина од 180 сантиметри треба да има обем на половината од 90 см. Правилото важи и за двата пола.

Таков обем на половината покажува дека шансите за заболување од кардиоваскуларни болести се помали, бидејќи масните наслаги во пределот на стомакот го зголемува ризикот од срцев удар и зголемен крвен притисок, објаснуваат научниците.

Како што сугерира истражувањето, оние чија половина е поголема за 15 см од половината на нивната висина, во просек живеат 2 години пократко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top